Американски санкции против шефот на разузнавачката служба на Србија, Александар Вулин

vULIN
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави на списокот санкции го стави директорот на Безбедносно-информативната агенција на Србија, Александар Вулин.

Според американското Министерство, шефот на српската разузнавачка служба, Вулин, е вмешан во „меѓународен организиран криминал, нелегално тргување со дрога и злоупотреба на јавна функција“.


„Санкциите за Александар Вулин ја нагласуваат решеноста на Соединетите Американски Држави да ги повикаат на одговорност оние кои се вклучени во коруптивни активности кои ги промовираат сопствените политички агенди и лични интереси на сметка на мирот и стабилноста на Западен Балкан“, соопшти Министерството, додавајќи дека „Овие коруптивни активности ги олеснуваат руските злонамерни активности во Србија и во регионот“.

Трговија со дрога и оружје

Според Министерството, Вулин одржувал односи и со српскиот трговец со оружје Слободан Тешиќ, помагајќи му да дозволи неговата илегална испорака на оружје слободно да се движи низ границите на Србија.

Санкциите имаат за цел да ги замрзнат сите средства што Вулин може да ги има под јурисдикција на САД и да им забрануваат на Американците или американските компании и институции, вклучително и банките кои работат во САД, да вршат трансакции со него.

Александар Вулин, поранешен соработник на сопругата на Слободан Милошевиќ, Мирјана Марковиќ, денес е коалициски партнер на владејачката Српска напредна партија (СНС) и близок соработник на претседателот Александар Вучиќ.

Американските санкции доаѓаат нешто повеќе од два месеци откако Европскиот парламент, исто така, изрази загриженост поради назначувањето на Вулин за шеф на Безбедносната разузнавачка агенција (БИА) во декември 2022 година. Брисел предупреди на неговата антиевропска и про-Кремљ реторика.

Поранешниот српски министер за внатрешни работи, министер за одбрана, министер за труд и социјала, исто така, се залага за идејата за „српски свет“ или обединување на сите Срби од Западен Балкан, што може да предизвика нови конфликти во регионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK