Американка е уапсена за силување на 20-годишен маж во Солун: го искористила додека бил во алкохолизирана состојба

solun.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Необичен случај на силување се случи во Грција. 18-годишна Американка е уапсена поради силување на 20-годишен Грк.


Младиот човек тврди дека девојката го искористила тоа што тој бил под дејство на алкохол и не можел да се одбрани, пишуваат грчките медиуми.

Уапсената го негира обвинението, објави порталот „Прототема“. Обвинителот во Солун по пријавата на жртвата поднесе обвинителен акт за силување и сексуален чин без согласност на жртвата.

Според официјални лица, жртвата на полицијата и кажала дека сето тоа се случило минатиот вторник попладне. Американката го однела Гркот во напуштена куќа откако консумирале алкохол и го силувала.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK