„Вчерашниот напад врз полицијата на Косово од страна на терористите поддржани од Србија е јасен показател дека целите и политиките на Србија се исти како и на Русија која во моментов врши агресија врз Украина.
Затоа, меѓународниот фактор, САД и ЕУ, мора да дејствуваат за да не се случи втора Украина на Балканот. Цениме дека САД, како главен партнер и пријател на Албанците и Косово, но и ЕУ, треба да ги искористат сите можни механизми за Косово што поскоро да стане членка на НАТО.
Со оваа ќе се запре сценариото за втора Украина, ќе се гарантира територијалниот интегритет на Косово и ќе се обезбеди мир во целиот регион.
Се додека Србија не може да се отцепи од Русија, мирот во Европа и на Балканот е загарантиран само со членството на Косово во НАТО“.
Соопштение на Алтернатива – Движење БЕСА – Демокаратско Движење