Албанија: Поради корупција уапсен поранешниот градоначалник на Кукс, Сафет Ѓици

safet_34534534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Поранешниот градоначалник на северниот албански град  Кукс, Сафет Ѓици, доцна попладнево е уапсен по налог на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК.

Според медиумите полицијата му ставила лисици на рацете на Ѓици додека бил во кафеана под неговиот стан, со што дематирани се информациите во дел од медиумите дека избегал во Дубаи по објавеното видео каде тој е во интимни моменти со девојка во службените простории.


СПАК ја добил целосната снимка, додека Ѓици е осомничен дека со тендер направил корупција, а по проверки во општина Кукс поднесено е барање за негово апсење.

По објавувањето на видеото, Сафет Ѓици поднесе оставка велејќи дека е „жртва на стапица и дека се покажал како несериозен” и им се извини на жителите на општината.

По оставката, Владата истиот ден донесе одлука за негово разрешување а СПАК почна истрага и му забрани да ја напушта земјата.

Сафет Ѓици (51) на локалните избори на 14 мај  беше реизбран и се очекуваше официјално да го почне вториот мандат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK