Албанија почна со увоз на електрична енергија

struja
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сушата и високите температури предизвикаа значително намалување на нивото на вода во акумулацијата  на најголемата албанска хидроцентрала „Фиерза”, како и останатите две,  на каскадата на реката Дрим.

За да избегне проблеми во нормалното снабдување, албанската електрокорпорација, КЕШ набави над 100 илјади мегавати часови електрична енергија за месец август.


– Според официјалните податоци, КЕШ,  за периодот од 31 јули до 6 август ќе увезе 38.850 мегавати. Претходно беше спроведена  друга процедура за увоз на 74.400 мегавати енергија за цел месец август. Цената по која е купена енергијата варира од 92 до 106 евра за мегават, јави Ора њуз.

Но, не се отфрла можноста и за други набавки доколку продолжи сушниот период а со тоа и слаб доток на вода во акумулациите, во период на масовно присуство на туристи, што условува зголемена потрошувачката.

За задоволување на потребите на потрошувачите, Албанија минатата година увезла струја во вредност од 503 милиони евра, со просечна цена од 305 евра.

Поради поволната хидрологија од јануари до 20 мај годинава  КЕШ успеал да продаде 31,92 милиони евра струја, односно 386.436 мегавати со просечна цена од 82 евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK