Абазовиќ: Добрите односи на Ердоган со регионалните лидери ја прават Турција клучна земја на Балканот

abazovic_3453534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ изјави дека Турција почна да игра ефикасна улога на Балканот, исто како и Европската Унија и Соединетите Американски Држави, и дека успешните односи на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган со регионалните лидери ја направија Турција клучна земја на Западен Балкан.

Претседателот на црногорската влада, во интервјуто за Анадолија, истакна дека е постигнат значителен напредок во односите со Турција, но дека тие се уште не се на задоволително ниво.


Сакам да го изразам моето големо задоволство од продолжувањето на соработката со Турција. Подготвени сме да ги претставиме нашите конкретни проекти пред турската влада што е можно поскоро. Мислам дека овие проекти можеме да ги реализираме до крајот на летото, рече Абазовиќ, кој престојуваше во Истанбул во рамки на Програмата за идни лидери (FLEP) организирана од Младинскиот форум за исламска соработка (ICYF).

Абазовиќ нагласи дека успешните односи на Ердоган со регионалните лидери ја направиле Турција „клучна земја“ на Западен Балкан. – Претседателот Ердоган е некој што може да ги убеди проблематичните страни на Балканот да седнат и да најдат одржливи решенија за проблемите во регионот. Мислам дека посредничката улога на Турција е многу важна во тензиите меѓу Србија и Косово. Се надевам дека претседателот Ердоган ќе се фокусира повеќе за овој и други проблеми на Балканот. Ова е исклучително важно за обезбедување мир и стабилност во регионот, потенцираше Абазовиќ.

Истакнувајќи дека Турција како велесила има пријателски односи со целиот свет, Абазовиќ додаде: Нема таков пример во светот. Сите чекори што Турција ќе ги преземе во глобалната дипломатија се вредни и за земјите од регионот и за Балканот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK