79-годишен маж од Сплит сексуално ја злоставувал својата малолетна внука: детето шест години минувало низ пекол

305cace7-832b-4441-877b-09f578b574c8-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По завршувањето на истрагата, Вишото јавно обвинителство во Сплит пред Општинскиот суд во Сплит поднесе обвинителен акт против 79-годишен хрватски државјанин.


79-годишен маж е обвинет за низа кривични дела извршени над неговата малолетна внука.

Се се одвивало во период од шест години во куќа во сплитско-далматинската општина, пишува „Index.hr“.

Мажот се товари за тешко кривично дело сексуална злоупотреба и експлоатација на дете, сексуална злоупотреба на дете кое не наполнило петнаесет години, тешко кривично дело против полова слобода и развратни дејствија.

Во обвинителниот акт се наведува дека горенаведените кривични дела пријавениот ги извршил од неутврден ден во мај 2012 година до 28.06.2015 година, а потоа од 29.06.2015 година до 06.05.2018 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK