Приведено лице за обљуба на двете малолетни ќерки на неговата невенчана сопруга

Полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода Ј.П.(40) од Свети Николе, постапувајќи по пријава од неговата невенчана сопруга, според која тој извршил обљуба врз нејзините две малолетни ќерки, соопшти МВР. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Пронајдени Кинези кои нелегалено ја преминале границата

Полициски службеници од Регионален центар Југ на место викано „Караорман“ вчера околу 11: 30 часот ги привеле Ч.Х.(44), В.Р.(47), Ј.Л.(38) и едно малолетно лице, сите од Кина, затоа што по извршените проверки во службената евиденција е констатирано дека немаат остварено легален влез во државата, со што постапиле спротивно на Законот за странци, односно незаконски престојувале во државата. МВР соопшти дека …

Continue Reading

Петнаесетгодишик починал откако му се слошило на базен

Во СВР Скопје е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ вчера во 18 и 35 часот бил донесен 15-годишник од скопско, на кој му се слошило додека бил на базен на подрачјето на Карпош. По извршените обиди за реанимација му била констатирана смрт без видливи траги на насилство, соопшти МВР. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а …

Continue Reading

Двајца мигранти од Мароко сакале без документи да ја минат границата наТабановце

На Граничен премин Табановце вчера околу 23:00 полициски службеници, при извршена контрола на патници во автобус со струшки регистарски ознаки, констатирале дека патниците H.B.(23) и E.A.(32) не поседуваат документација за идентификување и по извршените проверки е констатирано дека лицата се мигранти од Мароко. За настанот е известен јавен обвинител и по негова насока лицата мигранти се сместени во прифатен центар …

Continue Reading

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ: Една година подаваме рака за заштита на Македонските интереси и ЕУ интеграција

Скопје, 9 јули 2023  ВМРО-ДПМНЕ една година подава рака за заштита на Македонските интереси и ЕУ интеграција, Османи и Ковачевски играа по бугарски ноти ВМРО-ДПМНЕ една година подава рака за заштита на Македонските интереси и ЕУ интеграција, Османи и Ковачевски играа по бугарски ноти. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше ДУИ и СДС да не влегуваат во договор под Бугарски дикатат, тие влегоа во …

Continue Reading

САД водат преговори со Русија за размена на американскиот новинар Иван Гершкович

САД потврдија дека водат преговори со руската страна за размена на Иван Гершкович, американски новинар на „Волстрит журнал“ задржан од руските власти по обвиненија за шпионажа. Весникот објави подолг извештај за систематскиот надзор на Американци и американски дипломати во Русија од страна на досега непозната служба под раководство на Федералната служба за безбедност (ФСБ). -Разговори (за размена на Гершкович) имаше, …

Continue Reading

Грлиќ Радман: Ако сакаат да влезат во ЕУ, земјите од Западен Балкан мора да воведат санкции кон Русија

Земјите од Западен Балкан, доколку сакаат да станат членки на Европската унија, мора да бидат усогласени со политиките на ЕУ, што поздразбира и воведување санкции против Русија, изјави денеска хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман.  „Ако земјите од Западен Балкан одлучија да бидат дел од Европската унија, треба стриктно да ја следат и да бидат усогласени со политиките …

Continue Reading

Разрешен албанскиот министер за внатрешни работи Бледи Чучи

Албанскиот премиер Еди Рама доцна попладнево објави дека го разрешува Бледи Чучи од функцијата министер за внатрешни работи.  На негово место го предлага Тауланд Бала, генерален секретар на Социјалистичката партија и координатор на пратеничката група во албанскиот Законодавен дом.  Во објава на Твитер, Рама напиша дека во понеделник официјално ќе ги достави предлозите до шефот на државата.  – Му благодарам …

Continue Reading

Грчкиот Парламент ѝ изгласа доверба на Владата на Мицотакис

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис вечерва доби доверба од грчкиот Парламент по тридневната расправа што траеше рекордни 36 часа, јави дописничката на МИА од Атина.  Гласаа сите 300 пратеници, Владата доби поддршка само од пратениците од Нова демократија, а соопштението на резултатите од гласањето беше пропратено со аплаузи од владејачката партија.  Расправата започна во …

Continue Reading