Протест во Струмица против отворање на рудник во Иловица и Штука

Со блокирање на централната градска крстосница во Струмица активисти и граѓани од Струмичко и регионот го искажаа своето незадолство од одлуките на судовите и Владата за спојување на концесиите експлоатација на минерални суровини на локалитети во општините Босилово и Ново Село за отворање рудник. На протестната блокада беа истакнати барања за раскинување на концесиите, како и утврдување одговорност за сите …

Continue Reading

Традиционална Петровденска средба на поетите од државата во Кочани

Традиционална Петровденска средба на поети од целата држава се одржа денеска на локалитетот „На дабот“ кај кочанското село Бели, а организатор беше литературниот клуб „Копнеж“ во состав на библиотеката „Искра“. Поетската средба е продолжување на поранешната културна манифестација „Петровденски конаци“, како дел од програмата на Општина Кочани за одбележување на празникот на градот – Петровден. -Со оглед што одбележувањето на …

Continue Reading

Во музејот „Маруби“ во Скадар ќе биде отворена изложба за браќата Манаки

Во Националниот музеј на фотографии „Маруби“ во северниот албански град Скадар, на 21 јули ќе биде отворена изложба на дела на познатите браќа Манаки од Битола -филмаџиите кои го „набљудувале“ Балканот, објави музејот на Фејсбук. Оваа активност се реализира во соработка со Државниот архив на Република Северна Македонија – Одделение во Битола. Според музејот добрата соработка „ќе ја донесе изложбата …

Continue Reading

Дел од општина Чаир без вода

Без вода денеска од 14 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Клинска Леса“, „Серава“ и дел од булеварот „Никола Карев“. Како што соопшти ЈП „Водовод и каналиазција“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на улица „Кумбара“ бр. 1. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.

Continue Reading

Српската влада со помош во надминување на хуманитарната катастрофа во Херсонската област во Украина

Владата на Република Србија денеска донесе голем број одлуки во врска со помошта како одговор на надминување на хуманитарната катастрофа во Херсонскиот регион во Украина, јави дописникот на МИА од Белград. -Новата транша хуманитарна помош за оваа земја, меѓу другото, ќе опфати и донација на стоки и лекови од Републичката дирекција за стокови резерви и стоки од Комесаријатот за бегалци …

Continue Reading

Оперската певица Вероника Караколева со концерт во родниот Велес

Оперската певица Вероника Караколева вечер во 19 часот во Ликовниот салон во Велес  ќе одржи концерт пред своите сограѓани. Публиката ќе има можност да ужива во највисоките звуци од сопранot Вероника, додека на пијано ќе ја придружува пијанистката проф. м-р Дилек Реџеп. На програмата се  дела од Моцарт, Хадџиев, Шопен, Пучини, Верди и Гершвин, а во програмата е застапен џезот …

Continue Reading

Во Бугарија штрајкуваат вработените во МВР, бараат повисоки плати

Во Софија центарот на градот попладнево е блокиран од вработени во Министерството за внатрешни работи кои штрајкуваат со барање за зголемување на платите за 10 отсто. Претходно вработените се собраа пред Министерството за финансии каде демонстрантите фрлаа парички пред влезот во зградата. Организатор на демонстрациите е Синдикалниот сојуз на вработените во Министерството за внатрешни работи. Демонстрантите од пред Владата се …

Continue Reading

Зголемен број повици кон Итна помош во Куманово и Липково

Зголемен е бројот на повици за итни случаи во здравствените домови на Куманово и Липково изминатата недела, информираа денеска дежурните лекари. Екипите на итната помош во текот на работните денови од изминатата недела зачестено интервенираат на колапси, сообраќајни несреќи, а во оваа бројка не се вметнати интервенциите на хронично болните лица. Доктор Катерина Ивановска од Итна помош Куманово, информираше дека …

Continue Reading

Во Србија зголемен е додатокот за родено прво дете на 3.122 евра, за трето – 16.600 евра

Во Србија од 1 јули родителскиот додаток за раѓање прво дете ќе изнесува 366.122 динари (3.122 евра), соопшти денеска Министерството за семејна грижа и демографија. Родителскиот додаток за второ дете, што се плаќа на 24 рати, сега изнесува 324.772 динари, за трето дете што се плаќа на 120 рати е 1.948.632 динари (16.600 евра), а за четврто дете е 2.922.948 …

Continue Reading