Испорачани првите два хеликоптера H225M за унгарските вооружени сили

Првите два средно транспортни хеликоптери Х-225М, кои Унгарија ги нарача од Ербас за потребите на своите вооружени сили во 2018 година, и се испорачани на земјата, пишува денеска порталот Балканска безбедносна мрежа.  Како што се наведува во текстот, Унгарија нарачала вкупно 16 авиони од овој тип како дел од својата програма за воена модернизација.  Со ова Будимпешта постепено ќе ја …

Continue Reading

Општина Центар продолжува со интензивно одржување на јавната хигиена, миење и чистење на улиците, контејнерите и урбаната опрема

Општина Центар продолжува со интензивно одржување на јавната хигиена, миење и чистење на улиците, контејнерите и урбаната опрема. Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски најави наводнување на садниците и миење на улиците и контејнерите доцна попладне особено за време на екстремно високите температури. Од Општина Центар информираа дека денеска цистерна ги миела улиците и контејнерите зад Универзалната сала, кај Вучко во …

Continue Reading

Проширен пожарот во западниот дел на Атика, изгорени домови и битка огнените јазици да не стигнат до рафинеријата

Шумскиот пожар во Дервенохорија на границата помеѓу областите Виотија и Атика, брзо се прошири во западниот дел на Атина, доби големи размери и утврдена е материјална штета, додека пожарот во поширокото подрачје на Лутраки на Пелопонез, се уште не е ставен под контрола, според портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис , јави дописничката на МИА од Атина. Првиот …

Continue Reading

Интегрален текст на Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија

Владата на денешната седница го разгледа и усвои текстот на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија и одлучи документот да биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија. Предлогот го подготви работната група на Министерството за правда составена од експерти, еминентни професори од неколку универзитети во државата, како и …

Continue Reading

Мили: Проблемот на Украинците на фронтот се минските полиња

Загубите што Украина ги трпи во офанзивата и нејзиното споро одвивање не е од недостиг на воздушна одбрана туку од  минските полиња на фронтот, изјави денеска генералот Марк Мили, шеф на здружениот Генералштаб на американската војска. Според него, Украина поседува доволно воздушна одбрана од земја со која ги напаѓа руските сили кои ги напаѓаат и руските хеликоптери во воздух. – …

Continue Reading

За Иловица ќе се расправа на следната владина седница

Владата денеска го задолжи Министерството за економија на првата наредна седница, односно наредниот вторник да ја информира Владата за сите управни и судски постапки, одлуки, заклучоци и информации за локалитетот Иловица, наназад од 2012 година, па се до денеска, информира вицепремиерот Фатмир Битиќи.  Тој на денешната прес-коференција во Владата по потпишувањето на новиот општ колективен договор за јавниот сектор, одговарајќи …

Continue Reading

Полемика на шефовите на дипломатија на Србија и БиХ за величењето на воените злосторници

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ зборувајќи за случајот со студентките кои во Сараево ги величеа воените злосторници и Ратко Младиќ, по што своето образование со српска стипендија ќе го продолжат во Белград, и барањето од министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Елмедин Кокановиќ Дачиќ да се изјасни дали тоа е официјален став на Србија, Дачиќ рече дека …

Continue Reading

Струга ТЛ загуби од Жалгирис во реваншот од квалификациите за ЛШ

Екипата на Струга Трим и Лум загуби од Жалгирис со 1:2 во првото квалификациско коло на фудбалската Лига на шампионите. Домаќините беа блиску до пласман во второто квалификациско коло, имаа позитивен резултат до 15-ина минути пред крајот, но набрзина примија два гола за целосен резултатски пресврт. На натпреварот одигран попладнево на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид по многу топло време, …

Continue Reading

Ковачевски: Дојдовме до системско решение за раст на платите и пензиите, кое нема да зависи од волјата на ниедна политичка партија

Oваа Влада, успеа во она што беше недостижно досега, успеа да сврти нова страница на историјата и за прв пат по 15 години на иста маса со синдикатите и со сите засегнати, заеднички најде одржливо решение за платите во јавниот сектор, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.  – Новиот Општ колективен договор за јавниот сектор, кој денеска беше …

Continue Reading