Секретарот на САД за морнарица вели дека мултинационалната воена вежба е демонстрација за Кина

Американскиот секретар за морнарица Карлос Дел Торо денеска изјави дека големата мултинационална воена вежба започната во Австралија е порака до Кина дека сојузниците на САД работат заедно за да ја одбранат својата безбедност и демократските вредности. Традиционалните воени вежби започнаа во 2005 година од страна на САД и Австралија и се одржуваа секоја година, но оваа година се проширени на …

Continue Reading

Невремето од Хрватска ја погоди Бања Лука и во северна Србија

Невреме пропратено со дожд, силен ветер и грмежи денеска по 19 часот ја зафати Бања Лука. Силниот ветер искорна дрвја во центарот на градот. Силно невреме ги зафати Поткожарје, како и општините Градишка, Србац и Лакташе, а град падна и во општина Нови Град. Невремето од Италија преку Словенија и Хрватска ги погоди северозападните делови на Босна и Херцеговина. И …

Continue Reading

Телефонски разговор Петровска –Дендиас, Северна Македонија подготвена да ѝ помогне на Грција за пожарите

Министерката за одбрана на Северна Македонија Славјанка Петровска во телефонски разговор со нејзиниот грчки колега Никос Дендиас ја изразила подготвеност на нашата земја да ѝ помогне на Грција во справувањето со пожарите, јави дописничката на МИА од Атина. За телефонскиот разговор министрите вечерва информираа преку социјалните мрежи. -Во телефонски разговор со мојот грчки колега Никос Дендиас, изразив подготвеност да помогнеме …

Continue Reading

Телефонски разговор Ердоган – Зеленски

Претседателот на Турција и на Украина, Реџеп Тајип Ердоган и Володимир Зеленски денеска телефонски разговараа, соопшти кабинетот на Ердоган. Телефонскиот разговор бил инициран од Зеленски. Тема на денешниот телефонски разговор било продолжувањето на договорот за црноморскиот коридор за жито. Турција вложува интензивни напори да се врати мирот во Украина, посочи Ердоган.

Continue Reading

Пашинјан: Сè додека не се потпише мировен договор можна е нова војна помеѓу Ерменија и Азербејџан

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан предупреди дека сè додека не се потпише мировен договор и истиот не биде ратификуван од парламентите на двете земји, многу веројатна е нова војна меѓу неговата земја и Азербејџан. Тензиите меѓу двете земји се зголемија за коридорот Лачин, кој е единствената копнена врска меѓу Нагорно-Карабах и Ерменија. На почетокот на јули, од различни причини, Азербејџан …

Continue Reading

Здравковски нов фудбалер на шкотски Мадервил

Поранешниот член на македонската фудбалска репрезентација до 21 година Давор Здравковски е нов фудбалер на Мадервил, соопшти денеска шкотскиот прволигаш. Дваесетипетгодишниот играч од средниот ред се сели во шкотската Премиер лига од редовите на кипарскиот прволигаш АЕЛ во чиј редови настапуваше последните шест сезони. Шкотскиот прволигаш соопшти дека Здравковски потпишал двегодишен договор и во клубот од „Фир Парк“ ќе го …

Continue Reading

Битиќи: Владата на СДСМ ја зголеми просечната плата за шест ипол пати повеќе од владата на ВМРО-ДПМНЕ

За шест години владата на СДСМ ја зголеми просечната плата за околу 59%, или за шест ипол пати повеќе од владата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, објави на фејсбук вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи. – Според Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2023 година, изнесува 36 465 денари. Просечната месечна исплатена нето-плата по …

Continue Reading

Тештата на претседателот на Јужна Кореја осудена на една година затвор

Судот во Јужна Кореја донесе пресуда со која ја потврди едногодишната затворска казна за тештата на претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јеол. Чој Ен-сун е осудена за фалсификување на документи користени при купување на земјиште. Апелацискиот суд го одби нејзиното барање за преиспитување на казната изречена од окружниот суд. Во судската одлука се наведува дека Чој е виновна за изработка …

Continue Reading

Меџити: МЗ е партнер на лицата со дијабет, потпишана е одлуката за набавка на ленти

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска на состанок ги сослушал барањата на лицата со дијабет. Меџити, како што соопшти МЗ, искажал целосно разбирање за нивните барања и предизивиците со кои се соочуваат. – Како што информираше министерот на состанокот утрово, ги преземаме сите мерки за да се излезе во пресрет на барањата на лицата со дијабетес. Обезбедувањето на квалитетна здравствена …

Continue Reading