Немири во Ерусалим: Полицијата употреби водени топови, приведени шестмина демонстранти

Израелската полиција денеска употреби водени топови и уапси шестмина демонстранти пред израелскиот парламент (Кнесет) , пред клучното гласање за судските реформи. Демонстрантите денеска протестираа блокирајќи го булеварот пред Кнесетот, во Ерусалим, каде полицијата употреби водени топови за да ги исфрли од патот. Полицајците се обидоа да ги тргнат демонстрантите од патот, но некои се врзаа со синџири за заклучување велосипеди. …

Continue Reading

Утре прекинато водоснабдување на неколку скопски улици

Поради водоводен приклучок ф 80мм на улица „Стефан Јакимов Дедов“ бр.18, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Борка Талески“, „Рајко Жинзифов“,  „Апостол Гусларот“ и дел од ул. „Стефан Јакимов Дедов“. Како што информира ЈП Водовод и Канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.

Continue Reading

Утврден идентитетот на жртвата во сообраќајката во близина на Битола

СВР-Битола информира дека е утврден идентитетот на лицето кое утрово во тешка сообраќајна несреќа на местото наречено „Кукуречанска раскрсница“ го загуби својот живот. Станува збор за В.Н. (24 г.) од Битола кој починал во несреќата во која патничкото возило „опел корса“ се запалило, а телото на возачот било опожарено. – Утрово во 05.08 часот во СВР Битола било пријавено дека …

Continue Reading

Земјоделството трпи штети од временските промени

Екстремните временски услови годинава со долги дождливи периоди и екстремни жештини, влијаат на целокупното земјоделско производство. Не многу на количествата, колку на квалитетот на производството и ако продолжат промените и наредните години, ќе се намали производството на храна. Ова го забележуваат и производителите и агрономите. Зијафет Асаноски, производител од село Црнилиште, Долнени смета дека количествата не се во прашање, туку …

Continue Reading

Ковачевски ќе го образложи предлогот за уставни измени пред пратениците на собраниската Комисија за уставни прашања

Финализираат подготовките пред утрешниот почеток на седницата на Комисијата за уставни прашања во Собранието со единствена точка на дневниот ред – Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија. Денеска се одржа редовна средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи, …

Continue Reading

Алиу и Гир потпишаа Договорот за учество на Северна Македонија во Програмата ,,Дигитална Европа”

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и евроамбасадорот Дејвид Гир, денеска во Скопје потпишаа Договорот меѓу Европска Унија и Северна Македонија за учество на нашата земја во програмата „Дигитална Европа“. Во рамките на регулаторниот дијалог со Западен Балкан, на 30 јуни 2023 година, Европската комисија потпиша Договор за асоцијација за Програмата „Дигитална Европа“ – со Црна Гора, Северна …

Continue Reading

На „Илинденски денови“ во Битола јубилеј на Семинарот за традиционална музика и игра

Семинарот за традиционална музика и игра кој се одржува во рамки на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“, годинава одбележува јубилеј, 15 години од востановувањето. Јубилејната година е и прва година кога семинарот се интернационализира, изјави Љупка Стефановска координатор на семинарот. -Оваа година повеќе од 50 учесници од земјава и странство ќе ги следат предавањата на истакнати …

Continue Reading

Во езерата има сразмерно повеќе микропластика отколку во океаните

Меѓународен тим истражувачи го испитуваше загадувањето со пластика во езерата на светско ниво. Резултатите говорат дека микропластиката сè уште е присутна и во оние водните површини – навидум недопрени од човекот и, во споредба со океаните, во помалите копнени води има сразмерно поголеми количества микропластика. Лимнологот Катрин Атермаер од Универзитетот на Виена, Австрија, заедно со Истражувачката група за водна екологија …

Continue Reading

Македонските ветерани одиграа пријателски фудбалски натпревар со Косово во чест на Фадиљ Вокри

Ветераните на македонската репрезентација одиграа пријателски натпревар во Приштина против фудбалските ветерани на Косово на традиционалниот турнир во чест на роденденот на легендарниот фудбалер, Фадиљ Вокри. – Поранешните македонски репрезентативци го загубија мечот со 2:1 од ветераните на Косово, но резултатот секако не беше во преден план. Турнирот имаше пријателски карактер и поважна беше дружбата меѓу поранешните фудбалери., соопшти Фудбалската …

Continue Reading