Комисиската седница за Предлог-законот за данок на солидарност ќе продолжи утре

Седницата на Комисијата за европски прашања посветена на Предлог-законот за данок на солидарност (по скратена постапка) ќе продолжи утре. Попладнево пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го критикуваа предлогот со став дека Владата нема право да им наметнува нови давачки на фирми кои се борат да работат чесно. Пратеничката Жаклина Пешевска рече дека за компаниите да плаќаат солидарно, Владата треба да покаже солидарност, …

Continue Reading

Конференциска лига: Струга и Шкупи ги дознаа потенцијалните ривали за третото квалификациско коло

Двете македонски екипи кои преостанаа ова лето на европската сцена, Струга и Шкупи, денеска со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион ги дознаа можните противници за третото коло во Конференциската лига. Шампионот Струга во случај да го мине второто коло од квалификациите во кое игра против црногорски Будуќност, за противник во следната рунда го доби поуспешниот од пресметката меѓу …

Continue Reading

Министерката Тренчевска и директорката на ДИТ Томовска на увид дали се почитуваат мерките од портокаловата фаза

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска и тим од инспектори, денеска излегле на терен за време на забрана за работа на отворено, како активност преку која треба да се увиди почитувањето на мерките од портокалова фаза. За време на теренските активности Тренчевска заедно со Томовска почитувајќи ги сите …

Continue Reading

Приведен бегалец, осуден на казна затвор од 15 години

Полициски службеници од тим Потраги од Одделението криминалистички работи Центар и Бит Пазар денеска го лишиле од слобода Ш.А.(37) од Скопје. Од МВР информираа дека за него била распишана централна потерница поради бегство од КПУ Затвор Куманово, каде издржувал казна затвор во времетраење од 15 години. Лицето е приведено во полициска станица и ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за …

Continue Reading

Израелската војска рани 13 Палестинци во упад во бегалскиот камп Нур ал-Шамс, на Западниот брег

Тринаесет Палестинци се повредени при упад на израелските војници во кампот Нур ал-Шамс, во северниот дел на Тулкарим, на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолија. Според палестинската агенција ВАФА, израелските сили утрото го нападнале кампот Нур ал-Шамс во Тулкари и биле придружувани со булдожери. Војниците ги затвориле влезовите и го опколиле кампот. Пукотници се слушале од улицата Наблус, на влезот во …

Continue Reading

Објавени резултатите од Конкурсот за сместување ученици во ученичките домови во 2023/2024

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за сместување ученици во ученичките домови во учебната 2023-2024. На веб-страницата на МОН се објавени листи со примени ученици во девет ученички домови: „Професор Мијалковиќ“ во Куманово, „Лазар Лазаревски“ во Велес, „Ванчо Питошевски“ во Охрид, „Кочо Рацин“ во Свети Николе, „Мирка Гинова“ во Битола. Четири од деветте ученички домови се во Скопје: …

Continue Reading

Мицотакис за пожарите: Моментално сме во војна

Во овој момент се наоѓаме во војна, но одново ќе го изградиме она што го изгубивме, ќе ги обесштетиме погодените, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Парламентот, осврнувајќи се на пожарите во земјата и истакна дека прв приоритет секогаш мора да биде заштитата на човечкиот живот, јави дописничката на МИА од Атина. За ситуацијата на Родос рече дека и покрај …

Continue Reading

Продолжуваат градежни активности во индустриската зона Речица, Кумановско

Продолжуваат градежните активности во индустриската зона Речица во Кумановско, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности од општината. – Почна изработката на сливници со приклучни цевки за атмосферска канализација на улицата „Индустриска“ во зоната Новини и Речица, по што ќе следи асфалтирање, изјави помошникот-раководител на одделението, Момчило Јовановски. Претходно беше поставена атмосферска канализација на еден дел и беа асфалтирани …

Continue Reading

Акција за откривање на диви, нелегални приклучоци и злоупотреба на вода во Сопиште

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во директна соработка со Општина Сопиште во периодот од 21 до 23 јули спроведе акција за откривање на диви, нелегални приклучоци и злоупотреба на вода на територија на општината. Како што соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, акцијата е спроведена од страна на контролори на јавното водоводно претпријатие, придружувани од комунални редари …

Continue Reading