Европската централна банка по деветти пат ја зголеми каматната стапка

Европската централна банка ги зголеми каматните стапки, што е деветти пат во обид да ја ограничи високата инфлација, а поради рецесијата се претпоставува дека денешното зголемување може да биде последно. Со денешното зголемување за четвртина процент, ЕЦБ ја зголеми референтната каматна стапка на депозитите за само една година од претходната минус 0,5 отсто на 3,75 отсто, што е најбрзо заострување …

Continue Reading

Кари: На врвот на кариерата сум

Големата НБА-ѕвезда, Стеф Кари не се согласува со оние кои веруваат дека неговите најдобри години во НБА се зад него. Триесет и петгодишниот кошаркар се подготвува за својата 15-та сезона во НБА. – Се уште се чувствувам како да сум на мојот врв во однос на тоа што можам да постигнам, изјави за „PBS News Hour“ двократниот МВП на лигата …

Continue Reading

МФ: Од 2015 до 2022 година утврдени се 17 нерегуларности со ЕУ средства за кои се преземени конкретни постапки

Одделението за координација на борба против измама на ЕУ средствата (АФКОС) не располага со податоци кои произлегуваат од Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) од причина што согласно Рамковната спогодба за ИПА на земјава и регулативата на ОЛАФ, Европската канцеларија нема обврска да го информира АФКОС во врска со тековни или завршени истраги или со исходи од нив, посочија …

Continue Reading

Глас на Америка: Русија објави полициска потрага по судијката која издаде налог за апсење на Путин

Министерството за внатрешни работи на Русија објави федерална потрага по судијката на Меѓународниот кривичен суд Томоко Акане, која издаде налог за апсење на претседателот на Русија Владимир Путин, јави Гласот на Америка. Според документот, руската полиција трага по Јапонката родена 1965 година врз основа на некакво кривично дело. Нејзиното име и презиме се во транскрипција на руски јазик. МКС во …

Continue Reading

Судскиот Совет донесе одлука за избор на нов член на местото на Георгиев

Судскиот совет на денешната, 451 sедница донесе одлука за распишување оглас за избор на еден член на Советот од редот на судиите на Врховен суд. Одлуката следува по оставката на врховниот судија Наќе Георгиев, кој се повлече од функцијата непосредно пред потпишувањето на свечената изјава во Собранието на Северна Македонија во вторникот. Формирана е Комисија за подготовка на кандидатски листи …

Continue Reading

Во Германија намален бројот на заинтересирани за обука за медицински сестри

Намален е бројот на Германци кои во текот на минатата година се пријавиле за обука за „медицинска сестра“. Ова е загрижувачки тренд за Германија, земја со стареење на населението, која веќе има недостиг од здравствени работници, јави ДПА, повикувајќи се на најновиот извештај на оваа тема на Федералниот завод за статистика Дестатис. Околу 52.100 жители на Германија започнале курсеви за …

Continue Reading

Гутереш: Ерата на глобалното затоплување е завршена, започна ерата на глобално вриење

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска изјави дека ерата на глобалното затоплување е завршена и дека започнала „ерата на глобално вриење“. „Климатските промени се насекаде. Тоа е страшно. И ова е само почеток“, предупреди Гутереш. Тој рече дека човештвото покренало деструкција, но дека тоа не смее да предизвика очај, туку да доведе до акција. Гутереш смета дека се …

Continue Reading

„Скопје во пет и седумнаесет“ – Осветлување на историјата преку светлосни уметнички инсталации

Тимот на „Скопје лајт арт дистрикт“ вчеравечер на небото над Скопје иницираше серија аудиовизуелни инсталации, ласерски проекции и 3Д-мапирања на Поштата, Телекомуникацискиот центар, Скопското кале и високите кули во Карпош 1 и 2, по повод одбележувањето на катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Инсталациите дадоа илустративен приказ на катастрофалниот земјотрес и на процесот на реконструкција што следуваше. Покрај овие изложби, беа …

Continue Reading

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со години вршеше притисоци врз новинари и медиуми

Скопје, 27 јули 2023 Што знае режимската ДПМНЕ што се медиумски слободи и права и затоа е последна повикана да зборува за оваа тема. Сите многу добро знаат како ДПМНЕ се однесуваше кон медиумите и новинарите во време на 11 годишниот режим. Упади во телевизии, апсења, затворање и тепање на новинари и медиумски работници, притисоци врз уредници и бегање од …

Continue Reading