Манчестер сити доби ултиматум за трансфер на Гвардиол

Преговорите меѓу Лајпциг и Манчестер сити за трансфер на хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол сè уште траат, но англискиот првак сега доби ултиматум. Германскиот клуб за 21-годишниот Гвардиол бара обесштетување од 100 милиони евра и постави краен рок за реализација на трансферот до 12 август и финалето на Суперкупот против минхенски Баерн, пренесуваат денеска британските медиуми. Сити го означи Гвардиол како …

Continue Reading

Откриено поле со гас во Австрија

Австриската нафтена и гасна групација ОМВ (OMV) денеска соопшти дека го открила „најголемото поле со гас во Австрија во последните 40 години“, изразувајќи надеж дека тоа може да ја ограничи зависноста од Русија. Компанијата наведе дека полето е откриено во Долна Австрија, источно од Виена, по пет месеци работа. Полето со гас на длабочина од 5.000 метри може да го …

Continue Reading

СВР Куманово апелира граѓаните внимателно да се однесуваат на излетничките места во пресрет на Илинден

Кумановската полиција денеска апелираше до граѓаните кои ги посетуваат излетничките места да внимаваат и да се воздржат од палење огин на отворено и  други активности кои можат да предизвикаат пожари. – Во пресрет на претстојниот празник „Илинден“, кога се очекува излетничките места помасовно да бидат посетени од граѓаните, СВР Куманово упатува апел особено до посетителите да бидат внимателни со отпушоците …

Continue Reading

Норвешка и Финска оваа година се соочуваат со рекордна епидемија на птичји грип

Норвешка и Финска годинава се соочуваат со рекордна епидемија на птичји грип, која предизвика помор на илјадници галеби и други видови, го загрози добитокот и доведе до ограничувања на патувањата во некои области, соопштија денеска официјални претставници. Птичјиот грип циркулира во Европа во последните неколку години, а во мај и јуни доведе до угинување на милиони птици на француските фарми …

Continue Reading

Лога: Ќе стигнеме до 40 канцеларии за бесплатна правна помош во државата

Ние од 34 канцеларии за бесплатна правна помош низ државата ќе стигнеме до најмалку 40. Веќе имаме материјали и кампања и на социјалните мрежи и јутјуб каналот, а исто така сите ќе ги има на националните телевизии, портали и другите медиуми, рече министерот за правда, Кренар Лога, на денешната промоција во Гевгелија за подигнување на свесноста кај граѓаните за постоењето …

Continue Reading

Кина почнува воени вежби во спорен регион во Јужното Кинеско Море

Кина утре почнува воени вежби во регион во Јужното Кинеско Море над кој територијални претензии имаат неколку земји. Вежбите, кои ќе завршат на 2 август, ги опфаќаат островите Парасел и потонатиот остров Маклсфилд бенк, се вели во соопштението на кинеската управа за поморска безбедност. На бродовите им е забрането да влегуваат во областа за маневрирање. Кина има претензии врз поголемиот …

Continue Reading

Маричиќ е оптимист за усвојување на уставните измени до крајот на годината

Нема да се откажеме од обидите да ги усвоиме уставните измени до крајот на мандатот на ова Собрание и оваа Влада. Важно е тоа да биде оваа година за да го фатиме оној процес на креирање на нов пакет за следно проширување на ЕУ и за да го фатиме тој пакет заедно со Украина, Молдавија, државите од Западен Балкан да …

Continue Reading

Шукова: Започнуваме со распределба на средства на општините за подобрување на водната инфраструктура

Секоја од општините во земјава и општините во градот Скопје ќе добие по 200.000 евра подеднакво од заемот од Европската инвестициска банка за подобрување на водната инфраструктура, а од останата сума 16 милиони евра ќе бидат распределени согласно индексот за општински развој и процентот на распределба по планските региони според степенот за периодот од 2018 до 2023 година, додека од …

Continue Reading

Џафери: Ако опозицијата бара избори, нека поднесе предлог до Собранието

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека доколку опозицијата сака избори, тогаш треба да поднесе предлог до Собранието. Седницата, вели, Џафери, ќе ја свикам веднаш. – Ако мислите за избори, уште сега поднесете предлог и истиот ден ќе ја свикам седницата, нема да ве спречувам во тоа. Волјата на пратениците, јас нема да ја попречам, ама не може да …

Continue Reading