Во Битола почина познатиот ракометен работник Гоце Гроздановски – Моцарто

 Во Битола на 84 години почина Гоце Гроздановски – Моцарто, познат македонски спортски ракометен работник. Тој беше еден од основачите на РК Пелистер, познат ракометар, тренер и прв македонски меѓународен ракометен судија. Гроздановски повеќе од 40 години бил член во управата на РК Пелистер и почитуван работник од спортската јавност во државата и странство. Неговиот погреб ќе биде утре во …

Continue Reading

Истражување: Во следната деценија се очекува значителен раст на цените на недвижниот имот во целиот свет

Во следните 10 години цените на недвижниот имот значително ќе се зголемат во сите делови на светот, објави денеска Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен. Според резултатите од кварталното истражување на ИФО и Институтот за швајцарска економска политика (ИВП), цените на недвижностите ќе се зголемат во просек за девет отсто на глобално ниво во следната деценија. – Порастот на …

Continue Reading

Резултати од Пописот во Србија во однос на писменоста и образованието

Според резултатите од пописот на населението на Србија, 6,3 отсто од населението не оделе на училиште или завршиле помалку од осум одделенија основно училиште. Од друга страна, од вкупно 5.691.551 жители на Србија, повеќе од половина од населението – 53,1 отсто од нив, на возраст од 15 и повеќе години , завршиле средно образование, покажуваат конечните резултати на Републичкиот завод …

Continue Reading

Главен приоритет на Владата е зајакнувањето на одбранбените капацитети, најави бугарскиот министерот Тодор Тагарев

 Главниот приоритет на редовната влада е зајакнување на одбранбените капацитети на земјата. Ова го истакна министерот за одбрана Тодор Тагарев, кој учествуваше на свеченото доделување на дипломите на учениците од класата „Васил Левски“ – 2023 година на Воената академија „Г. С.Раковски“. Тагарев посочи дека владата успеала да го задржи, па дури и малку да ги зголеми нивоата на финансирање на …

Continue Reading

Почна одбележувањето на Светската недела на доење во кумановската болница

По повод Светската недела на доење, кумановската болница ќе ги засили активностите за промоција на придобивките од доењето, соопштија денеска надлежните од здравствената установа. Во рамки на неделава, лекарите и мајките ќе разговараат за предноста и користа на мајчиното млеко, предавање за медицинските сестри, во делот на обезбедување помош при доењето. Веќе се испечатени летоци и активностите ќе се реализираат …

Continue Reading

Максути: Берово, Пехчево и Делчево на ниво на своите задачи, Кавадарци пример за другите, но повеќето општини не го користат наменскиот буџет за заштита и спасување

Градоначалниците на Берово, Пехчево и Делчево се на ниво на своите задачи во однос на спарување со пожари, додека Кавадарци може да биде пример за другите градоначалници во однос на ова прашање, но многу општини работат спротивно на тоа и има и злоупотреби, како што се Кичево и Куманово, а повеќето општини не го користат ниту буџетот за заштита и …

Continue Reading

Одржан протестот на косовските новинари против затворањето на ТВ Клан Косова

Под мотото „Демократијата умира во мрак“, денеска во центарот на Приштина се одржа протест на медиумските работници, организиран од  Асоцијацијата на новинари на Косово (АГК) против намерата на властите да ѝ ја одземат дозволата за работа на телевизијата Клан Косова, јави дописникот на МИА од Приштина. Од протестот, на кој освен новинарите учествуваа и претставници на невладини организации, беше побарано …

Continue Reading

Овчеполските земјоделци трет ден на блокади, Водостопанство го решава проблемот со кражби во Долни Балван

Трет ден протестираат земјоделците од Овче Поле и денеска со трактори ја блокираа едната коловозна лента на патот Свети Николе – Велес. Бараат во системот за наводнување да имаат доволно вода за нивните земјоделски култури. Земјоделецот, Тони Јакимовски има шест хектари под пченка, но какошто вели годинава ќе нема род од неа и во моментот да пристигне вода. Пченката е …

Continue Reading

Македонски Телеком продолжува со успешно работење и во првото полугодие од 2023 година

Македонски Телеком го продолжува позитивниот тренд на раст и развој во сите сегменти и во првото полугодие од 2023 година. Нашиот главен стратешки фокус останува на интензивното ширење и зголемување на капацитетот и квалитетот на мрежата, особено на оптичката и 5G инфраструктура, за да обезбедиме уште подобро корисничко искуство. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA), којашто минатата година …

Continue Reading