Албанија почна со увоз на електрична енергија

Сушата и високите температури предизвикаа значително намалување на нивото на вода во акумулацијата  на најголемата албанска хидроцентрала „Фиерза”, како и останатите две,  на каскадата на реката Дрим. За да избегне проблеми во нормалното снабдување, албанската електрокорпорација, КЕШ набави над 100 илјади мегавати часови електрична енергија за месец август. – Според официјалните податоци, КЕШ,  за периодот од 31 јули до 6 …

Continue Reading

Пожари во велешко и скопско

Два големи пожари во моментов се активни во велешко и во скопско. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), едниот пожар е над село Отовица во велешко, а другиот е во скопско помеѓу селата Бучинци, Миладиновци и Групчино. Како што најавуваат од ЦУК,  наскоро во гаснењето ќе се вклучат авион „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување …

Continue Reading

Костадиновска-Стојчевска од Прохор Пчински: АСНОМ е света кратенка која нė држи будни во негувањето на патриотизмот, храброста, визионерството

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска беше дел од државно-црковната делегација која денеска го посети  манастирот „Св. Прохор Пчински“ во Република Србија, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година. Како што соопшти Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска од „Прохор Пчински“ порача дека со почит кон нашата историја и со вера …

Continue Reading

Шекил О’Нил ги именуваше своите пет најдобри играчи во историјата

Легендарниот центар и член на Куќа на славните од НБА, Шекил О’Нил ги прогласи своите десет најдобри играчи во историјата на лигата. Екс играчот на Лејкерси ги подели на првата и втората петорка.   – Мојот прв тим, без посебен редослед, ќе бидат Меџик Џонсон, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Леброн Џејмс и, јас изјави О’Нил за „Лос Анџелес Тајмс“. Во …

Continue Reading

Претставници од Кабинетот на претседателот положија цвеќе по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

Скопје, 2 август 2023 По повод чествувањето на државниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, претставници од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, положија цвеќе на спомениците во Скопје, Крушево и Смилево. Во Скопје, генералниот секретар на Кабинетот на претседателот, Миле Бошњаковски, положи цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена-борец“, пред споменикот на Никола Карев пред …

Continue Reading

Владина делегација по повод Денот на Републиката – Илинден положи цвеќе на трите спомен обележја во Смилево

Со положување цвеќе на могилата на Даме Груев, на Споменикот на Смилевските илинденци и на спомен плочата на смилевскиот партизански одред, во демирхисарското село Смилево, владина делегација во состав на заменик министерот за финансии Филип Николовски и националниоот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски, оддаде почит на Смилевските Илинденци и партизани чија пожртвувана …

Continue Reading

Трамп: Никогаш не сум имал толкава поддршка

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека никогаш немал толкава поддршка и дека новото обвинение, кое беше покренато против него, го разбуди светот кога станува збор за корупцијата во САД во претходните три години. „Ви благодарам на сите! Никогаш порано не сум имал толкава поддршка за ништо. Ова обвинение за поранешен (многу успешен) претседател и водечки кандидат во Републиканската …

Continue Reading

Мицкоски: Во чест на комитите, војводите, партизаните кои на свои плеќи и за нас водеа крвава битка за слободата и независноста

Традиционално за Илинден, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати порака од струшко Ташмаруништа. -Во чест на комитите, војводите, партизаните, оние кои на свои плеќи и за нас водеа крвава битка за слободата и независноста. Држава натопена со страдања и со крвта на патриотите кои даваа се, за она што денес го имаме и не смееме да го загубиме. Слава им!, …

Continue Reading

Албанија: Бескаматни станбени кредити за лекари, полициски и армиски службеници

Во насока да им го олесни решавањето на станбеното прашање, албанската влада одлучи да обезбеди бескаматни станбени кредити за лекарите, припадниците на полицијата и армијата. Годинешната квота е вкупно 300 лица односно по 100 од секој сектор а следните години се очекува бројот да биде поголем. -Корисниците се избираат врз основа на систем на бодување, а во случај да има …

Continue Reading