ЕК: Европската економија е силна и покрај глобалните предизвици

И покрај глобалните предизвици европската економија сè уште е силна, се наведува во денеска објавената пролетната економска прогноза на Европска комисија. Во првиот квартал од оваа година, европската економија забележа умерен раст пред сè поради пониските цени на енергијата, силниот пазар на труд и намалувањето на проблемите поврзани со набавките. Умерениот раст е показател дека европската економија нема да влезе …

Continue Reading

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар

Цената на дизел горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар за литар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за половина денар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,6 отсто. Новата малопродажна цена на …

Continue Reading

МАЕИ во советот на општина Пустец со тројца советници

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во новиот состав на Советот на општина Пустец ќе има тројца свои претставници. На вчерашните избори од излезените околу 2.100 гласачи за листата на МАЕИ гласале 439 или 21,46 отсто. Тоа значи дека партијата ќе има еден советник помалку споредено со изборите од 2019, односно четири помалку во однос …

Continue Reading

Поднесена кривична пријава против двајца полициски службеници за „примање поткуп“ и „несовесно работење во службата“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје поднесе кривична пријава против полициските службеници А.В. и Н.С., вработени во Полициската станица за граничен надзор Ќафасан, поради постоење основи …

Continue Reading

Османи и вработените во Министерството во акција за раззеленување на покривот на МНР

Министерот за надворешни работи и Претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи заедно со вработените во МНР денеска засадуваа дрва на покривот на Министерството како пример за одговорно однесување кон животната средина и справување со проблемот со аерозагадувањето. „Грижата за животната средина треба да биде врвен приоритет во сите наши акции што ги правиме и како луѓе, но пред сè и како …

Continue Reading

Летната тераса на штипски Дом на млади се отвара со концерт на „Леб и сол“

Легендарната група „Леб и сол“ ќе ја отвори реновираната летна тераса на Дом на млади-Штип. Директорот на Дом на млади, Видан Лазарев вели со концерт на 20 мај по десетина години повторно ќе се врати на штипската музичка сцена и ќе се претстават пред штипската публика. Тој се надева на успешен концерт и е задоволен што сезоната на реновираната летна …

Continue Reading

Мобилна амбуланта за бесплатни гинеколошки прегледи во Новаци

Во Општина Новаци почна со работа мобилна амбуланта во која се нудат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од населените места од таа Општина, а со цел превенција од рак на грлото на матката. Од тамошната локална самоуправа информираат дека сите жени на територијата на Општина Новаци, кои сакаат да извршат бесплатен гинеколошки преглед, вклучувајќи и ПАП тест, треба да се …

Continue Reading

Бесими: Од јуни граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

Државата од јуни годинава ќе воведе граѓанска обврзница, нов инструмент за финансирање на развојни проекти и на пазарот на капитал, најави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Граѓанската обврзница ќе биде со рочност од две години, а нејзиниот минимален износ ќе биде 10.000 денари. Граѓаните ќе можат и пред истекот на рокот да тргуваат со неа на Македонската берза доколку …

Continue Reading

Митрев: Воспитувачите работат на Програми за откривање на деца кои имаат посебни таленти

Во детските градинки се работи на Програми со помош на кои ќе се откриваат децата кои имаат посебни таленти, ќе се работи со нив и ќе им се посветува поголемо внимание. Претседателот на Здружението на воспитувачи на Македонија, Илија Митрев вели дека ова е по примерот на европските земји, а имплементацијата е во програмите на самите градинки. -Тоа се програми …

Continue Reading