Промоција на пилот проектот „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви“

Националниот сојуз на глуви и наглуви (НСГНРСМ) денеска во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје ќе го промовира пилот проектот „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви“. -Со промоцијата сакаме да се добијат и видат релевантни податоци, преку поставување на таблети на повеќе точки во одредени институции под Министерство за внатрешни работи, Министерство за здравство и други министерства …

Continue Reading

Ден за високи гости на вежбата „Брз одговор 23“

На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се реализира Денот за високи гости на мултинационалната вежба „Брз одговор 23“ (Immediate response 23), каде припадниците на армиите кои учествуваат во вежбата ќе презентираат комбинирани копнени активности „Мултинационална чета во напад, подржана со артилериска, воздушна и противоклопна поддршка“. Во вежбовните активности предвидена е употребата на роботизираното софистицирано возило т.н. „Project Origin“, кое е …

Continue Reading

Продолжува комисиската расправа за кандидатите за членови на Советот за јавни обвинители

Во Собранието денеска треба да продолжи седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на која на дневен ред е утврдувањето на предлози за избор на членови на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија. Пријавени за членови на Советот на јавните обвинители се Светлана Жупаноска, судски соработник во Основниот граѓански суд Скопје, Кети Петкова адвокат од Гевгелија …

Continue Reading

Министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ во официјална посета на Македонија

Министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија. Кошарац ќе биде пречекан од министерот за економија Крешник Бектеши по што ќе биде реализирана билатерална средба, а ќе бидат потпишани и два билатерални договори. Министрите ќе потпишат Договор за економска соработка меѓу Република Северна Македонија и Босна и …

Continue Reading

На денешен ден

1453.- По долга опсада, турската војска го зазела Константинопол, престолнина на некогаш моќната Византија. Некои историчари овој датум го сметаат како крај на средниот век. Оттогаш, па до крајот на Првата светска војна, поточно до 1923 година, Константинопол бил престолнина на Турција (кај Македонците вообичаен е називот Цариград). Во 1930 година го добил денешниот турски назив Истанбул. Од 1923 година …

Continue Reading

Променливо облачно, попладне со услови за локален пороен дожд

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната од 21 до 28 степени Целзиусови. Во Скопје ќе …

Continue Reading

Астрономски календар

Денеска е понеделник, 29 мај 2023 година, 149-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 216 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 3 минути, а ќе зајде во 20 часот. Денов трае 14 часа и 57 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее ова деноноќие, а ќе зајде во 2 часот …

Continue Reading

Годишна конференција на МАСВА на тема „Имплементација на кружната економија во управување со цврст отпад“

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (МАСВА) организира годишна конференција во Скопје со главен фокус на темата „Имплементација на кружната економија во управување со цврст отпад“. На дводневната конференција, домашни и странски експерти од реалниот сектор, академската заедница и институциите ќе ги презентираат најновите трендови и предизвици во управувањето со цврстиот отпад базиран на принципите на кружната економија. Првиот …

Continue Reading

Од верските календари

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 мај. Преподобен Теодор Осветен Ученик на Свети Пахомиј. Роден и воспитан како незнабожец, но како млад дојде до познание на вистинската вера, се крсти и кога чу за Свети Пахомиј, побегна во манастирот тајно од своите родители. Свети Пахомиј го замонаши и го засака заради неговата необична ревност и послушност. Кога …

Continue Reading