Собјанин: Неколку згради во Москва оштетени при напад со дронови

Неколку згради во Москва утринава се оштетени при напад со дронови, објави градоначалникот Сергеј Собјанин на Телеграм. „Рано утринава напад со дрон предизвика мала материјална штета на неколку згради. Сите служби за итни случаи во градот се на терен“, се наведува во соопштението. Градоначалникот нагласи дека во инцидентот нема потешко повредени, а итните служби ги разјаснуваат околностите околу тоа што …

Continue Reading

Промоција на книгата „Денот кога заборавивме да плачеме“ на Магдалена Стојмановиќ – Константинов

Во Музеј на Град Скопје вечер ќе биде промовирана книгата „Денот кога заборавивме да плачеме“ – збирка научно-фантастични раскази на Магдалена Стојмановиќ – Константинов. Како што информира авторката, книгата е составена од девет раскази, осум од расказите се напишани од неа, а еден е генериран со помош на софтвер на вештачка интелигенција. – Книгата претставува обид за спроведување на таканаречен …

Continue Reading

Светски ден на мултипла склероза

По повод Светскиот ден на мултипла скелроза – 30 мај, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија организира марш за подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза и нивните специфични потреби за поквалитетен живот и социјална инклузија. Како што информираат од сојузот, настанот ќе започне пред Порта Македонија во 11 часот …

Continue Reading

Петто издание на фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“

Во Занаетчиски дом – Куманово вечер од 20 часот започнува петтото издание на Фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“ 2023 што ќе трае до утре. Како што информираат организаторите, на фестивалот ќе бидат прикажани 16 филмови помеѓу кои хрватскиот „Железна уста“, „Досие“ (Иран), „Цреши“ и „Техно, мама“ од Литванија, мексиканскиот „Онан“, „Никој“ (Португалија), „40 минути“ и „Ден за капење“ од Русија, …

Continue Reading

Вежба на МВР и Американската амбасада, изменет сообраќаен режим во дел од Скопје

Министерството за внатрешни работи во координација со Амбасадата на САД денеска со почеток од 08:00 часот ќе спроведе вежба, при што од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот. Затворена за сообраќај ќе биде ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Лазар Личеновски“ (Амбасада на САД) до крстосница со ул.„Прохор …

Continue Reading

Меѓународна научна конференција „Екоантропологија: помеѓу човекот и околината“

Во „Јавна соба“ во Скопје денеска почнува тридневната, хибридна меѓународна научна конференција „Екоантропологија: помеѓу човекот и околината“ во организација на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје. На конференцијата има учесници од Северна Македонија, Србија, Кина, Хрватска, Полска и Велика Британија.

Continue Reading

Шесто издание на МЕФ Енергетскиот Форум 2023

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска ќе се обрати на шестото издание на МЕФ Енергетскиот Форум 2023 што се оддржува под негово покровителство. На настанот во организација на ЗИП Институт, во партнерство со Владата и Делегацијата на ЕУ во Скопје, денеска и утре високи претставници на власта, функционери од …

Continue Reading

Завршува детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

Со доделување на награди за најдобрите млади ликовни уметници, најдобро школо и најдобар учесник, претпладнево во Битола завршува 42 .издание на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“. Изборот на најдобрите, од 120 учесници, претставници на 13 држави во светот, ќе го изврши меѓународно стручно жири предводено од Теондолинда Паскуал од Португалија која ќе ги соопшти наградите за ликовните творби …

Continue Reading

Врачување на наградата „Роман на годината“

Во Музејот на современата уметност во Скопје вечер ќе биде врачена наградата „Роман на годината“ за 2022 година. Лауреат на наградата е романот „Вистината но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Влада Урошевиќ, а во издание на „Арс Ламина“. Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и …

Continue Reading