Реакции во Албанија за случувањата во Косово – Бегај: Да не се користи никаков изговор за да се спречи спроведување на договорот од Брисел и Охрид

По последните случувања во Косово реагираше албанскиот држaвен врв, министри, како и лидери на политичките партии. Албанскиот претседател Бајрам Бегај во денешната реакција најостро ја осудува „злоупотребата на српското население на северот на Косово и неприфатливото насилство врз мировните трупи на КФОР“. Во реакцијата на социјалните мрежи Бегај наведува дека „не може да се користи никаков изговор за да се …

Continue Reading

Реакција од АФРСМ за информациите за работењето на „Банана филм“

Не се точни информациите дека инспекциските служби не пронашле нелогичности во работењето на оваа продукција, како што се тврди во написите испратени до медиумите преку „Банана филм“, се наведува во денешната пишана реакција од Агенцијата за филм на РСМ, по повод информациите изнесени во јавноста во врска со кривичната пријава за продуцентската куќа „Банана Филм“ и одлуката на Управниот одбор …

Continue Reading

Промоцијата на волонтерството како начин младите активно да решаваат проблеми во заедницата

Со поставување штанд за делење информативни материјали, работилница за рециклирање и паноа за цртање или пишување на мотивирачки пораки до младите за волонтерска работа, во Тетово денеска се организира промоција на волонтерството, во организација на  граѓанските здруженија Женски Форум Тетово и Волонтерски центар Скопје. -Женски Форум ги мотивира младите девојки да се вклучуваат во волонтерски активности, да волонтираат во здруженија …

Continue Reading

Се сослушуваат сведоци кои го изготвија сообраќајното супервештачење за Ласкарци

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се сослушуваат сведоци кои го изготвија сообраќајното супервештачење за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. Јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, го испрашуваше вештото лице Јакуп Мамути во однос на супервештачењето, за кое, вештото лице изјави дека го работеле помалку од една година. – Се сослушуваат сведоци кои …

Continue Reading

Стоилковски: Ќе бидат ангажирани специјалисти за надзор со месечни плати од по 36.500 евра

Почитувани, Ова се страниците од договорот за коридорите добиени од укажувачи, каде е наведено дека ќе бидат ангажирани специјалисти за надзор со месечни плати од по 36.500 евра. Сумата за платата е точно наведена, но не и бројот на специјалистите за надзор! Ќе се ангажираат надзорници за спецификации за автопати, студии за животната средина, за заштитените богатства од УНЕСКО во …

Continue Reading

ДИК ќе формира работна група за меѓуинституционално координативно тело за ИКТ и справување со безбедносни предизвици

– Членовите на Државната изборна комисија на денешната јавна седница едногласно ги усвоија предлог-измените на годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки на ДИК во 2023 година, предлог – етичките кодекси за изборната администрација и за членовите на ДИК, како и предлог-одлука за формирање на работна група за меѓуинституционално координативно тело за ИКТ и справување со безбедносни предизвици. За …

Continue Reading

СЗО: Очекуваниот животен век се зголемува за околу десет години за оние кои се откажале од пушењето во своите 30-ти години

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека очекуваниот животен век на оние кои престануваат да пушат во своите 30-ти се зголемува за околу десет години во споредба со оние кои продолжуваат да пушат, а циркулацијата се подобрува за период од две до 12 недели. Од првиот ден на откажување од пушење, високиот пулс, крвниот притисок, нивото на јаглерод моноксид се враќаат …

Continue Reading

Поради асфалтирање затворена за сообраќај делницата Велес – Градско

Поради асфалтирање, од денеска до 3 јуни делницата Велес – Градско, од 8 до 16 часот, ќе биде целосно затворена за сообраќај. Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Continue Reading

МЕФ 2023: Инклузивна енергетска транзиција, да се дејствува на диверзификација на ресурсите

Енергетската транзиција е клучна алатка во справувањето со климатските проблеми, но мора да биде инклузивна. Неопходно е и итно дејствување за диверзификација на енергетските ресурси, но и развивање на пазарите за да ги следат промените преку креирање овозможувачка и поттикнувачка средина, беше порачано на отворањето на шестото издание на МЕФ Енергетски Форум 2023, што се  одржува од денеска во Скопје. …

Continue Reading