Лајчак и Ескобар побараа од Курти конретни чекори за смирување на состојбата во северно Косово

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак и заменикот помошник државен секретар на САД и специјален пратеник на претседателот Џо Бајден за Балканот, Габриел Ескобар, побараа од косовскиот премиер Албин Курти да преземе конкретни чекори за смирување на состојбата во северно Косово, каде што повеќе од десет дена продолжуваат протестите на локалните Срби против …

Continue Reading

На денешен ден

1599.- Роден е шпанскиот сликар Диего Родригес де Силва и Веласкес, еден од најголемите во историјата на сликарството, дворски сликар на шпанскиот крал Фелипе Четврти. 1606.- Роден е францускиот писател Пјер Корнеј, творец на класичната француска трагедија. Дела: трагедија „Сид“, „Сина“, „Полиект“, „Родогин“, комедијата „Лажливец“. 1654.- Шведската кралица Кристина Аугуста која во 1644 година и ставила крај на војната со …

Continue Reading

Претпладне сончево, попладне краткотраен пороен дожд

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне, особено во западниот и северниот дел, ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени. Во Скопје претпладне ќе биде сончево со …

Continue Reading

Во Собранието продолженија на две пленарни седници и една комисиска расправа

Во Собранието денеска треба да се одржат продолженијата на 66-тата и на 91-вата пленарна седница. Единствена неразгледана точка на дневниот ред на 66-тата седница е Предлог-законот за изменување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, по скратена постапка. На 91-вата седница има уште 12 неразгледани точки меѓу кои се четири ратификации на договори, предлог финансиските планови на Регулаторната комисија за …

Continue Reading

Од верските календари

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 мај. Слегувањето на Светиот Дух – Педесетница (трет ден) Новозаветната Педесетница е денот на славното исполнување на ветувањето за Христовото испраќање на Светиот Дух врз апостолите. Ова е крајно радосен, извонреден и утешителен настан. Куќата во која тие пребиваат еднодушни одеднаш е преисполнета со шум од небото, сличен на силен ветар, …

Continue Reading

Астрономски календар

Денеска е вторник, 6 јуни 2023 година, 157-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 208 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 59 минути, а ќе зајде во 20 часот и 6 минути. Денов трае 15 часа и 7 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее ова деноноќие, а ќе зајде …

Continue Reading

Се изработуваат бисти за 12 младинци стрелани во минатото во Ваташа

Во чест на 12 -те Ваташки младинци, кои во минатото беа стрелани во Ваташа, во тек е изработка на 12 бисти кои ќе бидат претставени на 16 јуни, како и Спомен соба која ќе биде свечено отворена на денот кога се навршуваат 80 години од нивната смрт, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. Оттаму појаснија дека по тој …

Continue Reading

СПМ: Уставните измени се производ на уцени кои не се прифатливи за македонските граѓани

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека уставните измени се производ на диктат и уцени кои не се прифатливи за македонските граѓани. Социјалистичката партија на Македонија пред македонскиот народ и сите граѓани го повторува ставот според кој парламентарните политички партии, уште помалку пратениците во овој состав во Собранието, немаат мандат, ниту легитимитет за носење одлука која не е дел од програмите, …

Continue Reading

Дебата: Заштитата на животната средина е важна во едукацијата од најрана возраст

Екологијата во високото образование се изучува како опција, а не како посебна и базична студиска програма. За да се зголеми свесноста за заштитата на животната средина, еколошките прашања и темите за одржливиот развој треба да бидат инкорпорирани во сите области во образованието, дури и во предметите мајчин јазик и од уметностите, а децата уште од најмала возраст да се учат …

Continue Reading