„Звукот на новата генерација“ во Филхармонија

Оркестарот на Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Звукот на новата генерација“ со студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје. На програмата се дела од Моцарт, Дитерсдорф, Лобос, Шостакович и Сен-Санс и Џејкоб. Диригент е маестро Сашо Татарчевски. Како солисти ќе настапат Кристина Љушкоска – флејта, Ивона Давидовска – контрабас, Андреј Ѓоршевски – гитара, …

Continue Reading

Изложба „Ад Астра вол.2“ на Валмир Азири во Националната галерија

Во Националната галерија во Скопје вечер од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Ад Астра вол.2“ на Валмир Азири. – Во патувањето преземено од претпоследната изложба наречена Ad Astra (Кон Ѕвездите), ја продолжи својата потрага да го освои она што никогаш не може да се освои, небото, заедно со жителите кои остануваат да лебдат во нејзините простори, ѕвездите, месечината и …

Continue Reading

Азески: Извозот да стане врвен национален приоритет

Извозот да стане врвен национален приоритет, ќе порача денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во третото месечно обраќање што го организира оваа институција како дел од своите понови активности. Азески, кој е и претседател на Националниот совет за извоз, ќе зборува на темата „Извоз, Извоз, Извоз!”. Негови гости ќе бидат академик Гоце Петрески, професорот од Економски факултет – Штип …

Continue Reading

Самостојна изложба на ликовната уметница Марта Поп Антоска Башевска

Во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ во Скопје вечер ќе биде отворена самостојната изложба на ликовната уметница Марта Поп Антоска Башевска. Ова е прва изложба на Glass Art во земјава на која што ќе бидат презентирани над 30 скулптури изработени од мурано стакло како и предмети од применета уметност и моден дизајн. Во текстот за каталогот историчарката на уметност Маја Чанкуловска …

Continue Reading

Изложба на Александра Вељановска – уникатни парчиња накит, облека и модни додатоци

Облека и накит, употребни предмети, „home decor”, свеќници од стакло, брошеви, колани, круни, табакери, марами, корсети и шапки, ќе бидат дел од изложбата на модната дизајнерка Александра Вељановска што ќе се одржи вечер на Зелениот покрив на објектот на Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје. На изложбата насловена „Moon Light“, Вељановска ќе се претстави со новата колекција и со …

Continue Reading

Грантови за активности на децата со различно етничко потекло и наставни јазици

Mинистерот за образование и наука Јетон Шаќири и амбасадорот Килијан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска ќе доделат грантови за реализација на заеднички наставни и воннаставни активности на децата со различно етничко потекло и наставни јазици на територијата на Република Северна Македонија. Грантови ќе добијат училишта кои аплицираа и се одбрани преку повикот за оваа намена во …

Continue Reading

Кулеба ги отфрли повиците за „замрзнување“ на конфликтот со Русија

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, изјави дека разговорите за решавање на конфликтот со Русија не можат едноставно да почнат само со прекин на огнот, пренесуваат британските медиуми. -Ако некој мисли дека може да го замрзне конфликтот и потоа да види како ќе го реши, тогаш не го разбира проблемот, изјави Кулеба на онлајн брифинг за африкански новинари по турнејата …

Continue Reading

Специјалниот пратеник на претседателот на Азербејџан, Ечин Амербајев во посета на Собранието

Специјалниот пратеник на претседателот на Азербејџан, Ечин Амербајев денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија. Како што информираат од собраниската прес-служба, Амербајев ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери и со Арта Билали-Зендели, шеф на собраниската делегација во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО).

Continue Reading

Медиуми; Трамп известен дека е цел на истрага за ракување со доверливи документи

Федералните обвинители го известиле поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека е цел на истрага за ракување со доверливи материјали, јави Еј-Би-Си Њуз, што се нови правни проблеми додека се бори да се врати во Белата куќа во 2024 година. „Политико“ одделно објави дека обвинителите му испратиле писмо на Трамп во кое го известиле дека е под истрага, но не го …

Continue Reading