Тројца загинати и 10 повредени лица во руски напад со дрон врз Одеса

Три лица загинаа, а најмалку 10 се повредени во денешниот утрински напад со дрон на руските сили врз украинскиот регион Одеса, јави украинската Јужна команда. Во нападот била погодена висококатница, предизвикувајќи пожар што е изгаснат. Експлозивниот бран ги оштетил и околните станбени згради. Руските сили користеа беспилотни летала од иранско производство во нападот врз регионот, а сите беа уништени од …

Continue Reading

Пет работници погинаа во фабрика за експлозиви во Анкара

Пет работници загинаа во експлозија во фабрика за ракети и експлозиви во предградието на Анкара, соопшти турското Министерство за одбрана. До експлозијата дошло рано утринава во областа Елмадаг, на периферијата на Анкара. Причината за експлозијата се уште не е позната.

Continue Reading

Ацевски: Се санираат штетите на магистралата А3 кај Делчево

Во Делчево од утрово екипи на „Македонија пат“ ги санираат штетите на магистралата А3 кај месноста Црквенска Река. На терен е директорот на „Македонија пат“ Костадин Ацевски, кој информираше дека во текот на денешниот ден штетата ќе биде санирана, а најдоцна до понеделник патот ќе биде пуштен во употреба. -Веднаш по штетите кои настанаа на магистралата А3 која го поврзува …

Continue Reading

Граѓаните недоволно запознаени со бројот за итни случаи, ЦУК работи на миграција на бројот 192 кон 112

Граѓаните недоволно се запознаени за постоењето на бројот за итни повици. Почнувајќи од февруари минатата година во рамки на Центарот за управување со кризи активен е Единствениот повикувачки број за итни повици 112 на кој што граѓаните можат да се јават доколку имаат итна потреба од полиција, брза помош, противпожарна единица или имаат каква било друга итна состојба. Во Секторот …

Continue Reading

Колумбиската влада и герилците од ЕЛН во Хавана потпишаа договор за прекин на огнот

Колумбиската влада и левичарските бунтовници на Националната ослободителна армија (ЕЛН) потпишаа во Хавана привремен шестмесечен договор за прекин на огнот. Договорот за „национален и привремен билатерален прекин на огнот“, според кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез, е потпишан во присуство на колумбискиот претседател Густаво Петро и лидерот на ЕЛН, Антонио Гарсија. Кубанскиот министер изјави дека на 3 август 2023 …

Continue Reading

Приведен осомничен крадец во Скопје

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во четвртокот попладне го лишиле од слобода 34-годишниот скопјанец Б.О., под обвинение за извршена кражба, соопшти денеска МВР. – Тој се сомничи дека претходно со употреба на сила влегол во куќа на подрачје на Центар, при што одзел пари и други предмети. Тој бил задржан во полициска станица и со …

Continue Reading

Петровска од Вермонт: Во време на комплексни предизвици мораме да изнаоѓаме решенија за зацврстување на нашата колективна безбедност.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во рамки на посетата на САД, синоќа се обрати на церемонијата со која беше одбележано 30-годишното партнерство помеѓу нашата Армија и Националната гарда на Вермонт. – Пред три децении, нас не зближија нашата визија за единство и соработка како и нашите заеднички вредности. Низ изминатите 30 години имавме импресивни резултати – организиравме над 350 активности, …

Continue Reading

Данијела Гачевиќ на чело на Секретаријатот на ЦЕФТА

Црногорската економистка Данијела Гачевиќ ја презеде функцијата вршител на должноста директор на Секретаријатот на ЦЕФТА и ќе го замени досегашниот прв човек на оваа организација, Емир Џикиќ. Како што соопштија од ЦЕФТА, со повеќе од 15 години искуство во областа на меѓународната трговија, Гачевиќ носи богата експертиза и докажани резултати во својата нова улога. – Вршејќи различни функции, таа се …

Continue Reading

Деветмина ранети во вооружен напад во Сан Франциско, пукано од возило во движење

Полицијата во Сан Франциско соопшти дека ноќеска биле ранети девет лица во округот Мисион, откако врз нив било пукано од возило во движење. Пукањето се случило околу 21 часот по локално време. „Можеме да потврдиме дека има девет ранети во престрелката и се очекува сите да преживеат. Во моментов се чини дека инцидентот бил со предумисла и изолиран. По инцидентот …

Continue Reading