Макрон ќе претстави план за засилување на домашното производство на лекови во Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ќе претстави план за производство на клучните лекови во Франција за да се справи со недостигот на увезени фармацевтски производи, од антибиотици до парацетамол, што се појави за време на пандемијата на Ковид-19, јавија британските медиуми. „Долгорочното решение за да се избегне недостигот на лекови во аптеките е да се продолжи со домашното …

Continue Reading

Ердоган повика на меѓународно признавање на Северен Кипар

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на меѓународно признавање на Северен Кипар каде вчера престојуваше во прва официјална посета по неговиот реизбор за претседател. Во Турската Република Северен Кипар Ердоган се состана со водачот Ерсин Татар, чиј авторитет го признава само Турција. – Ако треба да има враќање на преговарачката маса, начинот да се направи тоа е преку признавање на …

Continue Reading

Пендаровски и Пирц Мусар положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Стево Пендаровски и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар денеска положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, а по завршувањето на церемонијата на положување венци, ги разгледаа иконостасот, иконите и фрескоживописот во црквата „Св. Спас“. Претходно, претседателот Пендаровски, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести во претседателскиот кабинет, …

Continue Reading

Свечља: Во Косовска Митровица уапсен е главниот организатор на нападите врз КФОР и косовската полиција

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља информира дека во полициска акција денеска на северот од земјата е уапсено лицето Милун Миленковиќ – Луне, за кого вели дека е еден од организаторите на нападите врз припадниците на КФОР и косовската полиција за време на неодамнешните протести на косовските Срби во Звечане, јави дописникот на МИА од Приштина. Свечља на …

Continue Reading

Предупредувачки протест на судската администрација, бараат повисоки плати

Вработени во судската администрација денеска излегоа на мирен едночасовен протест пред Основниот Кривичен суд во Скопје со барање за враќање на додатоците на плата до 35 отсто и итно донесување на законот за судска служба. Протестот го организираа Независниот синдикат на судска администрација на Македонија и Здружението на судска администрација. Јасмина Величкова претседател на судска служба на Македонија вели дека …

Continue Reading

Ученици од ООУ „Илинден“ со лего коцки градеа „еко-градови на иднината“

Основци од основното општинско училиште „Илинден“ во Крива Паланка, беа дел од работилници од лего турнејата „Градење со лего коцки: Еко градови на иднината“ во организација на Здружението „Еко-логик“. – Нашите ученици од второ и четврто одделение низ повеќе работилници се едуцираа за целите на Обединетите Нации за одржлив развој, преку дизајнирање урбана средина, претставена со помош на лего коцки. …

Continue Reading

Иницијативата за промена на начинот на носење одлуки во ЕУ се однесува и на проширувањето, вели словенечката претседателка

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар денеска во Скопје изјави дека според нејзините сознанија иницијативата која ја покренаа седум земји-членки на Европската Унија, меѓу кои и Словенија за промена на начинот за носење одлуки за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, се однесува и на процесот на проширување. -Словенија е една од оние седум држави кои сакаат некои прашања да не …

Continue Reading

Српската министерка за култура Гојковиќ ги осуди заканите упатени до актерите поради нивната поддршка за протестите „Србија против насилството“

Министерката за култура на Србија, Маја Гојковиќ денеска ги осуди заканите упатени до актерската двојка Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина, како и до нивните деца, поради нивната поддршка за протестите „Србија против насилството“. Како што јави телевизијата N1, Гојковиќ во своето гостување на телевизија Прва апелираше до полицијата и обвинителството што поскоро да ги пронајдат сторителите. „Апелирам до полицијата и …

Continue Reading

Утре во Ѓаковица заедничка седница на владите на Албанија и Косово

Албанскиот премиер Еди Рама и членовите на неговиот кабинет попладнево отпатуваа за Косово каде утре во Ѓаковица ќе биде одржана заедничка седница со косовската Влада, јавија албанските медиуми. Оваа, деветта по ред заедничка седница на двете влади, по која ќе бидат потпишани 14 документи меѓу кои меморандумот за разбирање за спречување на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот, како и …

Continue Reading