Санкционирани 161 возач во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 161 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за …

Continue Reading

Тродневна жалост во Грција по потонувањето на брод со мигранти

Грција прогласи тридневна жалост по трагедијата со потонувањето на брод со мигранти во Јонското Море, соопшти кабинетот на грчкиот премиер. Постојат стравувања дека бродската несреќа однела стотици животи. Грчката крајбрежна стража досега извлече 79 тела и спаси повеќе од 100 луѓе, но преживеаните велат дека на бродот имало до 750 луѓе. Портпаролот на преодната влада на Грција изјави за државната …

Continue Reading

Русија нападна индустриски капацитети во Криви Рих

Руски проектили погодија два индустриски капацитета во централниот украински град Криви Рих во раните утрински часови денеска, изјави градоначалникот Олександр Вилкул, а пријавен е и напад со дронови во Одеса. Вилкул рече дека три ракети погодиле две индустриски компании „кои немаат никаква врска со војската“, ранувајќи еден 38-годишен маж. Еден автомобил е оштетен од остатоци од проектил соборени од противвоздушна …

Continue Reading

Хрватска ја победи Холандија и се пласираше во финалето на Лигата на нации

Репрезентацијата на Хрватска синоќа во Ротердам ја совлада Холандија со 4:2 во полуфиналето од Лигата на нации. Победникот беше решен по дополнителни 30 минути, откако основните 90 завршија нерешено 2:2. Головите за Хрватска ги постигнаа Андреј Крамариќ (55.минута), Марио Пашалиќ (72.), Бруно Петковиќ (98.) и Лука Модриќ (116. од пенал) За домаќините погодија Дониел Мален (34. минута) Ноа Ланг (90+6.). …

Continue Reading

Во Брисел почнува дводневна средба на министрите за одбрана од земјите-членки на НАТО

Министрите за одбрана на земјите од НАТО денеска ќе се сретнат во Брисел, каде што почнува дводневната средба, која ќе се фокусира на поддршката за Украина и заедничките напори за складирање оружје и муниција, јави ДПА. Ова ќе биде последен форум на високо ниво пред годишниот самит, кој ќе се одржи следниот месец во Вилнус. Украинскиот министер за одбрана Олексеј …

Continue Reading

ОН: Повеќе од два милиони луѓе ги напуштиле домовите поради борбите во Судан

Конфликтот во Судан протера повеќе од два милиони луѓе од своите домови, објавија ОН. Претставник на светската организација предупреди дека можеби се извршени злосторства против човештвото во жестоките борби во проблематичниот судански регион Дарфур. Според Меѓународната организација за миграција, тело на ОН, повеќе од 1,6 милиони луѓе ги напуштиле своите домови и побарале засолниште во други области на Судан од …

Continue Reading

По федералното обвинение, Трамп за неколку дена собрал седум милиони долари за кампањата во 2024 година

Претседателската кампања на поранешниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека тој собрал седум милиони долари откако беше обвинет минатата недела. „Претседателот Трамп собра повеќе од 6,6 милиони долари откако „полудениот“ Џек Смит објави политичко гонење“, напиша кампањата на Трамп во е-порака до поддржувачите, мислејќи на американскиот адвокат кој го истражува случајот. Повеќе од 4,5 милиони долари дојдоа од дигитално собирање …

Continue Reading

И покрај одлуката на Владата во Приштина, без проблем се минува граничниот премин со Србија со таблички издадени од српските власти

Иако Владата на Косово предупреди дека косовските институции донеле одлука да забранат влез на возила со српски регистерски таблички на територијата на државата, според информациите од терен, автомобилскиот сообраќај продолжува. Но, сите автомобили со српски регистерски таблички подлежат на зголемени контроли, јави РСЕ. Владата на Косово синоќаобјави дека по „киднапирањето на тројца косовски полицајци од страна на српските сили“, институциите …

Continue Reading

Хакер: Влезот на Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Германскиот Бундестаг недвосмислено ги признава македонскиот јазик, култура и идентитет, вели во изјава за Дојче веле пратеникот на Либералите (ФДП) Томас Хакер. Како дел од парламентарното мнозинство, Хакер е еден од иницијаторите на резолуцијата на германскиот парламент за Северна Македонија која деенска ќе се најде на дневен ред на Бундестагот. Со оваа резолуција Бундестагот сака да ја охрабри Северна Македонија …

Continue Reading