Њујорк тајмс: Покрај војната во Украина, САД се уште плаќаат на Русија милијарди долари за нуклеарно гориво

Збогатениот ураниум што американските атомски централи го купуваат од Русија по цена од околу една милијарда долари годишно е единствениот значаен редовен прилив на пари од САД во Русија откако започна војната во Украина. Овој прилив продолжува и покрај огромните напори на сојузниците да ги раскинат економските врски со Москва, пишува Њујорк тајмс. Парите за збогатениот ураниум одат на сметка …

Continue Reading

Состојбата на Косово засега мирна, но затегната

Во северно Косово полицијата сè уште е во објектите на локалната самоуправа, што се надгледувани од војници на КФОР. Граѓаните и денеска мирно протестираат околу нив додека на премините Мердаре и Јариње нема забрана за премин на патнички автомобили, а влезот на камионите што превезуваат српска стока е прекинат. На преминот Јариње колоната камиони е долга околу половина километар. Од …

Continue Reading

Потпишан Меморандум за разбирање меѓу МАРРИ и Регионалната антикорипциска иницијатива

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во рамки на Преспа Форумот за дијалог што се одржува во Струга потпиша Меморандум за разбирање, во име на Претседателството на земјава со Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци (МАРРИ) и со Регионалната антикорипциска иницијатива (РАИ). Воедно, Спасовски оствари билатерална средба со директорката на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), Ејми Поуп. – …

Continue Reading

Косовски медиуми: Убиениот македонски државјанин во Приштина е Блерим Даци

Државјанинот на Република Северна Македонија кој синоќа беше убиен во Приштина во оружена пресметка која наликува на мафијашка пресметка е идентификуван од неколку косовски медиуми како Блерим Даци, јави дописникот на МИА од Приштина. Според порталот „Инсајдери“, кој објави и фотографија на жртвата, Даци им бил од порано познат на органите на правдата и полицијата поради неговата вмешаност во трговијата …

Continue Reading

Во „Генералка викенд 2023“ собрани 252 тони отпад, цел за оваа есен е засадување најмалку 1,8 милион дрвца 

Собрани се 252 тони отпад во третата еко-акција „Генералка викенд“ што од 12 до 14 мај  2023 се одржа на 304 локации во 51 општина и во Националниот парк  Шар Планина. Учествувале 15 811 волонтери, меѓу кои и деца од над 300 училишта и градинки. Во просек, секој волонтер собрал по околу 16 килограми отпад. Акцијата овозможува и пошумување затоа …

Continue Reading

Советот за безбедност на Косово наложи јакнење на контролата на границата со Србија

Советот за безбедност на Косово им наложи денеска на надлежните органи и институции да ја зајакнат контролата на границата со Србија, откако вчера беа уапсени тројца припадници на косовската полиција од страна на српски сили, јави дописникот на МИА од Приштина. Премиерот Албин Курти на прес конференција по седницата на Советот изјави дека вчерашното дејствие на Србија претставува агресија кон …

Continue Reading

Водостојот на Охридското Езеро повисок за еден сантиметар

Водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар повисок од вчера, но и натаму е под просекот за јуни, додека на Преспанското Езеро е за еден сантиметар понизок и, исто така, под месечниот просек. Според најновите хидролошки мерења, нивото на Дојранското Езеро е непроменето, но и тоа е пониско од јунскиот просек. Како што информира УХМР, нема поголеми промени и …

Continue Reading

Евростат: 22 отсто од населението во ЕУ живее ризик од сиромаштија или социјална исклученост

Во 2022 година, 95,3 милиони луѓе во Европската Унија (22% од вкупното население) биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, односно живееле во домаќинства кои се соочуваат со најмалку еден од трите ризици: сиромаштија, тешка материјална и социјална состојба и живеење во семејства со многу ниска вработеност, објави Евростат. Најмногу луѓе изложени на ризик од сиромаштија или социјална …

Continue Reading

Вучиќ: Побарав од претставниците на Квинтата да го спречат Курти да почне војна на Балканот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во разговор со претставници на ЕУ и на Квинтата побара од нив да направат се што е во нивна моќ за да го спречат Албин Курти да започне нова војна на Балканот. „Разговарав со претставници на ЕУ и на Квинта. Ги замолив да направат се што е во нивна моќ и да го спречат Курти …

Continue Reading