Избрана новата Влада на Кувајт

Избрана е новата Влада на Кувајт на чие чело останува шеикот Ахмад Наваф ал Ахмад ал Сабах, јавија кувајтските медиуми. Бизнисменот Саад ал Барак е назначен за нов министер за нафта, во Влада во која има 15 министри, додека Манаф Абдулазиз ал Хајри е реизбран на функцијата министер за финансии. Шеикот Ахмад ал Фахад ал Ахмед ал Сабах е назначен …

Continue Reading

Петкратната германска олимписка шампионка и полицајка Клаудија Пехштајн под истрага заради расизам

Германската федерална полиција покрена истрага против петкратната олимписка шампионка во брзо лизгање, 51-годишната Клаудија Пехштајн, која инаку е полицајка, поради можни прекршувања на законите за државните служби и расистички изјави. На настанот на опозициската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) во саботата во Берлин, Пехштајн се појави во униформа и одржа говор во кој повика на депортација на одбиените баратели на азил, велејќи …

Continue Reading

АМСМ: Патот Велес – Градско од 8:00 до18:00 часот затворен за сообраќај поради асфалтирање

Од денеска до 23-ти овој месец, во периодот од 08:00 до18:00 часот, поради асфалтирање ќе биде затворена за сообраќај делницата Велес – Градско, во населеното место Градско, информираат утрово од АМСМ. Непрооден е и регионалниот пат од село Извор кон Прилеп, поточно село Степанци, Општина Чашка кон Прилеп, бидејќи има наноси од земја и кал поради дождот. Од настанатите поплави …

Continue Reading

Русија ја одби помошта од ОН, бројот на жртвите од поплавите по саботажа на браната се зголемува

Русија ги отфрли понудите на Обединетите нации (ОН) да им помогне на жителите погодени од поплавите предизвикани од пробивањето на браната Каховка на реката Дњепар, соопшти синоќа светската организација. Од 6 јуни, кога браната беше оштетена и се поплави областа Херсон, окупирана од Русија, бројот на жртвите од поплавите се искачи на 52, додека 31 лице се сметаат за исчезнати. …

Continue Reading

Пригожин: По завршувањето на воената служба во Украина во Русија се вратиле 32.000 поранешни затвореници

Околу 32.000 мажи, кои беа регрутирани од руските затвори за воена служба во Украина, се вратија дома, изјави шефот на приватната платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин. Тој додаде дека тие го исполниле својот дел од договорот и биле распоредени во борбите. Активистите за човекови права изразија загриженост што толку голем број криминалци, вклучувајќи и убијци и други насилни криминалци, сега …

Continue Reading

Минатомесечното неуспешно лансирање сателит Северна Кореја го нарече „најголем неуспех“

Раководството на Северна Кореја на својот последен работен состанок на владејачката партија, минатомесечното неуспешно лансирање на воен сателит го оцени како „најголем неуспех“, јави денеска севернокорејската државна новинска агенција КЦНА (KCNA). Од петокот до вчера се одржа проширен пленарен состанок од која владејачката Работничка партија на Северна Кореја испрати порака до работниците и истражувачите да го анализираат неуспешното лансирање и …

Continue Reading

УХМР домаќин на работилница на Глобалниот проект „Систем за најава на поплави со глобална покриеност“

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) е домаќин на Втората работилница на Глобалниот проект – Систем за најава на поплави со глобална покриеност (Flash Flood Guidance System with Global Coverage (FFGS), која од денеска до 23 јуни ќе се одржи во Скопје. Теми на работилницата се управувањето со поплавите и развојот на системите за нивна рана најава. На работилницата се очекува …

Continue Reading

Годишна конференција на СКСЗМ

Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ) денеска ќе ја одржи годишната конференција на тема „Предизвикот на компаниите од РСМ во обезбедувањето на работната сила во период на глобализација и дигитализација“. На конференцијата е најавено обраќање на претседателот на СКСЗМ Менди Ќура и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, додека на панел дискусијата ќе говорат министерот за информатичко општество и администрација …

Continue Reading

Промоција на зборникот „Антево дело“ во Куманово

Зборникот на трудови од меѓународниот научен симпозиум „Антево дело“ ќе биде промовиран вечерва од 19 часот во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Како што информираат организаторите, трудот ќе го претстави професор д-р Кристина Николовска, која ќе одржи и беседа за делото и творештвото на Анте Поповски, а присутните ќе имаат можност да слушнат и кус рецитал …

Continue Reading