Албанија прв противник на македонските тенисерки во Били Џин Кинг купот
-
Деск
-
June 19, 2023
-
Спорт, Тенис
-
0 Comments
Македонската женска тениска репрезентација денеска против Албанија во Скопје го почнува настапот во рамки на Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот. Во првиот дуел, Магдалена Стоилковска ќе игра против Кристал Дуле, по што следува пресметката меѓу Лина Ѓорческа против Греши Бајри и натпреварот во дубл меѓу Ѓорческа/Стоилковска и Дуле/Бајри. Македонските претставнички влегуваат во дуелот против Албанија со фаворитската …
Continue Reading
Земјотрес со интензитет од 4,2 степени во југозападна Романија
-
Деск
-
June 19, 2023
-
Балкан
-
0 Comments
Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран изутрината во 8 часот и 26 минути во областа Горж во југозападниот дел на Романија, соопшти Националниот институт за геофизика. Земјотресот се случил на длабочина од 14 километри, а најсилно се почувствувал во Таргу Џиу, кој се наоѓа на 20 километри од епицентарот. „Бев во кревет и силно се …
Continue Reading
Потсетување на звукот од виолината на Климе Садило
-
Деск
-
June 19, 2023
-
Култура
-
0 Comments
Во чест на виртуозот на виолина Климе Садило во среда на 21 јуни, Чалгија саунд систем ќе одржи концерт пред платото од Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Концертот е дел од проектот „Заборавениот звук – во спомен на Климе Садило“, во организација на здружението „Арт вивенди“. Претседателот на здружението Ѓоко Алоски смета дека големиот Садило заслужува почит и …
Continue Reading
Кулминира предизборната кампања во Грција
-
Деск
-
June 19, 2023
-
Балкан
-
0 Comments
Економијата, иднината на земјата, но и мигрантското прашање, особено по последната несреќа кај Пелопонез со 78 загинати и стотици исчезнати мигранти, се во фокусот на лидерите на политичките партии во Грција во нивните предизборни активности, но и во меѓусебните препукувања во пресрет на изборите в недела, јави дописничката на МИА од Атина. Предизборната кампања ќе кулминира во следните денови со …
Continue Reading
Земјотреси со интензитет од 4,4 и 4 степени ја погодија јужна Турција
-
Деск
-
June 19, 2023
-
Балкан
-
0 Comments
Земјотреси со интензитет од 4,4 и 4 степени се регистрирани рано изутрината во јужните турски покраини Малатија и Кахраманмараш, јави турската приватна телевизија НТВ, повикувајќи се на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби. Во 3 часот и 30 минути по полноќ се случи земјотрес со интензитет од 4,4 степени со епицентар во областа на градот Јесилурт во Малатја. …
Continue Reading
Лишен од слобода малолетник од Скопје поради кражба
-
Деск
-
June 19, 2023
-
Хроника
-
0 Comments
Полициски службеници од Полициската станица Центар, вчера во 23:30 часот на ул. „Костурски херои“ лишиле од слобода малолетник од Скопје, кој со употреба на физичка сила зел пари од друг малолетник од Скопје, известуваат од Министерството за внатрешни работи. Малолетникот, како што е наведено во соопштението од МВР, се сомничи дека околу 23:10 часот на бул.„Илинден“ со употреба на физичка …
Continue Reading
Димитриевски: Движењето што ќе го формираме ќе биде главниот носител на идната власт, во октомври ја најавуваме нашата платформа и програма
-
Деск
-
June 19, 2023
-
Македонија, Општини
-
0 Comments
Почитувани, Идејниот творец на граѓанското здружение „За наше Куманово“ и актуелен градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска гостуваше во емисијата „Утринска на Телма“ на телевизија Телма кадешто информираше за активностите и проектите што се спроведуваат на локално ниво, за граѓанското движење што треба да се формира, како и за политичката состојба во земјава. Тој потенцираше дека 90% од неговите …
Continue Reading
Неделен репертоар за периодот од 19.6. до 25.6.2023 – Драмски театар Скопје
-
Деск
-
June 19, 2023
-
Култура
-
0 Comments
На сцената на Драмскиот театар Скопје ќе се игра претставата КАФЕЗ КАЈ КОКОНИ – СКОПСКО ЛЕТО на 24.06.2023 со почеток во 20:00 часот. Во претставата играат Филип Трајковиќ, Александар Степанулески, Стефан Вујисиќ, Предраг Павловски, Димитрија Доксевски, Маја вељковиќ – Пановска, Дамјан Цветановски, Соња Стамболџиоска, Златко Митрески, Нела Павловска, Емилија Мицевска, Бранко Атанасов. Автор на претставата е Жан Пуаре, а истата …
Continue Reading
Белгија ќе уништи околу осум милиони дози од вакцината против Ковид
-
Деск
-
June 19, 2023
-
Свет
-
0 Comments
Во Белгија ќе бидат уништени околу осум милиони дози од вакцините против Ковид-19 на „Модерна“ и „Фајзер“, објавија локалните медиуми, цитирајќи изјава на министерот за здравство Франк Ванденбрук. Земјата располага со 15,3 милиони дози, но на некои од нив им истекува рокот, а други повеќе не дејствуваат на новите соеви на вирусот. Се додава дека за да се добијат нови …
Continue Reading