Без вода дел од Батинци

Поради уличен дефект на улицата „4/37“ во село Батинци, корисниците од оваа улица имаат прекинато водоснабдување, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.

Continue Reading

Водостојот на Охридското Езеро повисок за еден сантиметар

Водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар повисок од вчера, но и натаму е под просекот за јуни, додека на Преспанското и Дојранското Езеро нивоата се непроменети, но се, исто така, под месечниот просек. Според најновите хидролошки мерења на УХМР, водостоите на речиси сите реки се намалени во однос на вчерашниот ден. Исто е само нивото на Брегалница.

Continue Reading

Пандев со критика по дебаклот од Англија

Лавина од реакции на социјалните мрежи предизвика синоќешниот пораз на македонската фудбалска репрезентација на гостувањето во Англија (0-7), а со остри критики на адреса на раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и националниот тим се огласи и поранешниот капитен на „црвено – жолтите“, Горан Пандев. Коментирајќи на фотографија на Инстаграм стори на која се претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, …

Continue Reading

Пронајдени уште три безживотни тела од несреќата со мигранти во Грција

Крајбрежната служба на Грција во текот на вчерашниот ден пронашла уште три безживотни тела по несреќата со мигранти минатата седмица во близина на Пелопонез, со што бројот на загинати се зголеми на 81 лице, а потрагата по исчезнати продолжува и денеска, јави дописничката на МИА од Атина. Во рибарскиот брод што потона во близина на Пилос кај Пелопонез, официјално не …

Continue Reading

СПМ: Ставовите на Маричиќ се навредливи

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека ставовите на вицепремиерот за евроинтеграции не се движат во реални рамки, дотолку повеќе тие се и навредливи. Тој се уште не разбира дека за разговор треба согласност од страните кои имаат и определени цели. Маричиќ ја искажува својата цел, сведена на уставни измени според бугарските барањата, за што е спремен да врши секаков притисок …

Continue Reading

Санкционирани 253 возачи низ Скопје, четворица возеле под дејство на алкохол

На територијата на Градот Скопје вчера изречени се вкупно 253 мерки. Меѓу нив, за возење со брзина поголема од дозволената 117 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 12 казни за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, а четири за управување под дејство на алкохол, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Изречени се и шест санкции …

Continue Reading

Жена од Oхридско што се изгубила берејќи печурки, е пронајдена во раните утрински часови

Жена од охридското село Горно Среднорече, која вчера берејќи печурки се изгубила, е пронајдена во раните утрински часови. Регионалниот ЦУК Охрид, повикувајќи се на информации од СВР Охрид, денеска соопшти дека жената се изгубила околу 20:40 часот и дека по целовечерна потрага, таа е пронајдена во раните утрински часови во добра здравствена состојба. Исчезнувањето го пријавил сопругот, кој информирал дека …

Continue Reading

На конференција на ОН за Судан донаторите ветија околу 1,5 милијарда долари

Земјите донатори ветија речиси 1,5 милијарда долари помош за Судан, соопштија Обединетите нации, додавајќи дека земјата тоне во „невидена“ спирала на смрт и насилство. -Кризата бара континуирана финансиска поддршка и се надевам дека сите ќе можеме да го задржиме Судан на врвот на нашите приоритети, изјави шефот за хуманитарна помош на ОН Мартин Грифитс, пренесуваат француските медиуми. На отворањето на …

Continue Reading

Дворови на четири училишта отворени за бесплатен паркинг

Општина Тетово од вчера дворовите на четири училишта ги пренамени како паркиралишта, а образложението е дека се прави со цел да се намали сообраќајниот метеж поради доаѓањето на иселеници и зголемувањето на бројот на возила. Училишните дворови ќе бидат место за бесплатен паркинг до почетокот на новата учебна година. – Со цел да го намалиме сообраќајниот метеж во градот и …

Continue Reading