Млади битолчани спасуваат од изумирање стари занаети

Центарот за локални иницијативи-Битола, почна летна школа за млади, со работилници за изучување стари занаети за изработка на производи од сребро, глина и текстил. Од ЦЛИ-Битола информираат дека последниве години во нивни истражувања, забележан е благ тренд за реанимација на дел од старите занаети од помлади луѓе и затоа е важно со вклучување на младите, да се придонесе за спасување …

Continue Reading

Ковачевски на јубилејот на Институтот за македонски јазик: Аманетот на Мисирков е испочитуван

Зборовите на Мисирков денес се реалност, неговиот аманет е испочитуван. Успеавме да го поставиме македонскиот јазик на еднакво рамниште со сите други официјални јазици во Европа, со ланското отворање на преговорите со Европската Унија, а со тоа и македонскиот народ и идентитет на исто рамниште со другите народи кои ја сочинуваат ЕУ, истакна премиерот Димитар Ковачевски на свечена академија по …

Continue Reading

Со концерт „Вруток“ на Факултетот за музичка уметност утре почнува „Скопско лето“

Со концерт на Факултетот за музичка уметност „Вруток“ во фоајето на Националната опера и балет (НОБ), утре официјално ќе биде отворено „Скопско лето 2023“. Фестивалот почнува на првиот ден на летото и на Светскиот ден на музиката. Претставникот на Факултетот за музичка уметност, Љубиша Кировски, на денешната прес-конференција по повод отворањето на фестивалот потенцираше оти насловот на концертот „Вруток“ кажува …

Continue Reading

Ковачевски: Верувам дека до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, се зависи од која перспектива гледате на работите

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, но не како замена за зачленувањето, туку со цел подобрување на нивните перформанси и капацитети, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, коментирајќи ја иницијативата што вчера ја промовираше поранешниот претседател Бранко Црвенковски да им се овозможи на државите од …

Continue Reading

Ковачевски: Со Законот за престојувалиште конечно ќе се стави крај на децениските проблеми

Со Законот за престојувалиште конечно ќе се стави крај на децениски проблеми за законско регулирање на престојот на лица, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање. – Знам дека пратениците веќе го донесоа Законот за матична евиденција, што им овозможува на 600 лица да се стекнат со извод од матична книга. Законот за престојувалиште, исто така, е во …

Continue Reading

Во правосудството треба да се направи ремонт, порача премиерот Ковачевски

Сметам дека треба да се направи ремонт на одредени институции, процеси и закони во делот на правосудството, бидејќи сите анализи и изјави на дипломати тоа го покажуваат, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. На новинарско прашање во врска со вчерашната изјавата на министерот за правда, Кренар Лога, кој рече дека едно од можните решенија, за кои разговарал и со политичките партии …

Continue Reading

Меѓународниот театарски фестивал на комедијата „Гола Месечина“ и оваа година во Општина Аеродром

Со претставата „Страданијата на првата брачна ноќ на Миле Султан“ од Србија, утре (среда, 21.06.2023), ќе се одбележи отворањето на годинешното издание на меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ што ќе се одржи од 21. до 25. јуни на фудбалскиот стадион во Реонски центар во Аеродром. Традиционалниот фестивал е во организација на Општина Аеродром и Театар Комедија, а годинава акцентот …

Continue Reading

ФЕИТ ги промовираше новите инженери и магистри – 53% се девојки

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја промовираше новата генерација дипломирани инженери по електротехника и информациски технологии и новите магистри. Свечено во големата сала на Филхармонијата дипломите им беа врачени на 146 нови инженери и 44 магистри кои студиите ги завршија на ФЕИТ. Во оваа нова генерација дипломци, дури 77 или 53% се девојки, просек што е за околу …

Continue Reading

Просечната нето плата во април 36.134 денари

Просечната нето плата во април изнесува 36.134 денари и е зголемена за 14,6 проценти во однос на истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (28,1 проценти), Административни и помошни услужни дејности (21,7 проценти) и Објекти за …

Continue Reading