Бројот на жртви од поплавите во Украина, во зоните под контрола на Москва, се зголеми на 41

Русија денеска соопшти дека бројот на загинати од уривањето на браната Каховка и поплавите во областите што таа ги контролира во јужна Украина, се зголеми на 41. -За жал, бројот на загинати се зголеми до 41, изјави претседателот на проруската регионална влада во Херсон, Андреј Алексејенко. Во претходниот извештај на локалните проруски власти, што беше објавен во саботата, се наведуваше …

Continue Reading

Руската армија неутрализира три дронови во регионот на Москва

Русија соопшти дека неутрализирала три беспилотни летала во регионот на Москва, од кои два во близина на воена база и за нападот ја обвини Украина. – Денеска е спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со три беспилотни летала на локации во московскиот регион, соопшти руското Министерство за одбрана, додавајќи дека сите беспилотни летала се неутрализирани со …

Continue Reading

Шамар за владата на СДС и ДУИ, САД го стави Рамиз Мерко и целото семејство на црната листа поради вмешаност во криминал и корупција

Градоначалникот на Струга од ДУИ, Рамиз Мерко е на црната листа на Стејт Департментот бидејќи влијаел врз судските процеси и злоупотребувал фондови. Човек кој што ја води Струга и е висок партиски функционер во ДУИ е прогласен за персона нон грата на САД. Цела фамилија на Мерко е на црната листа на САД. Стејт Депрартментот јасно потврди дека високите претставници …

Continue Reading

Нинг: Апсурден е коментарот на Бајден за Џинпинг

Кина денеска го осуди како „апсурден“ коментарот на американскиот претседател Џозеф Бајден, кој на прием во Калифорнија рече дека неговиот кинески колега Си Џинпинг припаѓа на категоријата „диктатор“. -Тој коментар на американската страна е навистина апсурден, многу неодговорен и не соодветствува со реалноста, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг. Бајден синоќа кинескиот претседател Си Џинпинг го …

Continue Reading

Руската морнарица добива две нови нуклеарни подморници

Руската морнарица ќе добие две нови нуклеарни подморници до крајот на годината. Директорот Обединетата бродоградежна корпорација Алексеј Рахманов, изјави дека стратешкиот нуклеарен ракетен крстосувач Цар Александар Трети и повеќенаменската нуклеарна подморница Краснојарск ќе бидат оперативни до крајот на 2023 година.

Continue Reading

Делегација на ССК учествува на 13. Светски коморски конгрес во Женева

Делегација на Сојузот на стопански комори (ССК) предводена од претседателот Трајан Ангелоски и потпретседателите Горан Ѓоргиевски и Сашо Дуковски од денеска до 24 јуни учествува на 13. Светски коморски конгрес во Женева, Швајцарија. Темите кои се дискутираат на Конгресот се осврнуваат на најзначајните актуелни глобални прашања, тргнувајќи од тоа дека меѓународната економија е клучна за унапредување на политичката соработка меѓу …

Continue Reading

При претрес во Радовиш пронајдена марихуана

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш вчера го лишиле од слобода 47-годишниот радовишанец М.К., откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Како што соопшти МВР, тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Доделени 64 решенија за одобрување финансиска поддршка за набавка на трактори во Прилеп

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги додели првите 64 решенија за одобрување финансиска поддршка за набавка на трактори од Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој. Решенијата беа доделени на земјоделци од Прилеп и околните прилепски села. По приемот на решенијата земјоделците имаат рок до 10 дена да ги посетат просториите на Агенцијата за …

Continue Reading

Костадин Костадинов: Ставам ништовност и вето за невладините кои се занимаваат со моето право на верување во Бога

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов реагираше но нападите упатени кон него од одредени невладини организации, поради поддршката што ја дава за трибините и јавната дебата поврзани со законите за родова еднаквост и за матична евиденција, организирани од Фондацијата „Елеуса“ при Струмичката епархија на МПЦ-ОА. – Од денеска како градоначалник, со целото мое законско право, ставам ништовност на секој меморандум на …

Continue Reading