Повеќе од 20 винарии на годинешниот втор по ред Охридски фестивал на виното

Со потврдено учество на повеќе од 20 винарии од сите региони на земјата наредните три дена во Охрид ќе се одржува второто издание на Охридски фестивал на виното. На годинешниот фестивал пред охриѓани и туристите во градот ќе се претстават добро познатите големи вински брендови и компании од земјата,, како и некои од помалите семејни винарии. Градоначалникот на Охрид, Кирил …

Continue Reading

Ескобар: Одлуката на Стејт департментот за Мерко ќе и помогне на Владата да продолжи со борбата против корупцијата

Се надевам дека одлуката на американскиот Стејт департмент за ставање на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД поради „значителна корупција“, ќе и помогне на Владата на Северна Македонија да продолжи со напорите за борба против корупцијата, изјави американскиот заменик-помошник државен секретар за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Ваквата изјава Ескобар ја даде вчера за Програмата на Гласот на …

Continue Reading

Концептите на недискриминација во законодавството ќе се воведат преку амандмани на пет закони

Со направена анализа врз база на која се направени аманадмани на пет закони, чија цел е подобрување на законодавството кое упатува на дискриминација, денеска се заокружи ИПА проектот „ЕУ за човекови права: Воведување на концептите на не-дискриминација во законодавството“. Станува збор за амандмани во Нацрт-закон за кривична постапка, Нацрт-кривичен законик, Нацрт-закон за работни односи, Нацрт-закон за родова еднаквост и Закон …

Continue Reading

Билстром: Ги исполнивме нашите обврски, време е Турција да започне со ратификација

Шведска ги исполни своите обврски од договорот со Турција поврзани со членството во НАТО, а сега е време турскиот Парламент да го започне процесот на ратификација, изјави шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром. Шведска и Финска лани по руската инвазија во Украина поднеле барање за членство во НАТО, напуштајќи ја својата долгорочна политика на воена неусогласеност. Во март, Турција …

Continue Reading

Театар, работилници и музика на „Битола Шекспир фестивал“

„Битола Шекспир фестивал“ годинава се одржува под мотото „Судбината за играчка не има“, реплика на Ромео со која се потврдува големината на Шекспир. Репликата напишана пред многу години звучи автентично како да е кажана денес, истакна Илина Чоревска на прес конференција во Битола во пресрет на фестивалот посветен на Шекспир кој викендов ќе биде отворен со претставата „Макбет“ , компилациски …

Continue Reading

ДЗР: Извршена ревизија за Пописот во 2021

Државниот завод за ревизија (ДЗР) по извршената ревизија за Пописот во 2021 констатира недоследности во начинот на планирање на средствата, набавката на софтверска апликација за самопопишување, набавката на преносни компјутери / лаптоп и начинот на исплата на надоместоците. Државниот завод за ревизија изврши ревизија на усогласеност на тема „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година“, …

Continue Reading

Отворена Меѓународната радовишка ликовна колонија

Во Музејот на љубовта и уметноста, под покровителство на градоначалникот Ацо Ристов и Советот на Општина Радовиш, вчера е отворена осмата Меѓународна радовишка ликовна колонија. Колонијата ја организира Здружението на ликовни уметници „РАДА-ДЛУР“ од Радовиш, а годинава учествуваат ликовни уметници од Србија и Бугарија, македонски академски сликари, како и членови на радовишкото здружение на ликовни уметници. На отварањето беа изложени …

Continue Reading

Познати сите учесници во ракометната Лига на шампиони

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер идниот вторник ќе ги дознае противниците во групната фаза во ракометната Лига на шампиони, откако Управниот одбор на ЕХФ ги комплетираше сите 16 учесници и ја закажа жрепката за новата сезона за 27 јуни. Место во Лигата на шампиони од претходно обезбедија Еурофарм Пелистер, дански ГОГ, шпанска Барселона, француски ПСЖ, германските Кил и Магдебург, унгарски Веспрем, …

Continue Reading

Османи до Кралот Чарлс Трети: Благодарни сме за тридецениската поддршка на Македонија од Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера во Лондон присуствуваше на приемот за шефовите на делегации во палатата Сент Џејмс каде што присуствуваше и Неговото Величество Кралот Чарлс Трети. Како што соопшти денеска МНР, Османи изрази голема благодарност до Кралот Чарлс Трети за одличните политички и економски односи што Обединетото Кралство и Северна Македонија ги градат во изминатите три декади …

Continue Reading