Во штипската касарна „Јане Сандански“ промовирани новите лесни оклопни возила JLTV

Модернизацијата на македонската Армија којашто се одвива согласно долгорочните планови, со кои сакаме да ги исполниме нашите заложби, односно да ги исполниме планираните цели на способности на НАТО, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска на презентацијата на новите лесни оклопни возила JLTV на Армијата во штипската касарна „Јане Сандански“, на која присуствуваа и амбасадорката на САД во земјава Анџела …

Continue Reading

Шаќири на средба со наставниците-ментори и образовните асистенти

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше одвоени работни состаноци со дел од наставниците-ментори од основните училишта во земјава, како и со ангажираните образовни асистенти во Ресурсните центри, на кои се разговараше за воспитно-образовниот процес во земјава, како и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат за време на учебната година. Министерот, како што соопшти МОН, ја …

Continue Reading

Средношколскиот кошаркарски тим од Крива Паланка на прием кај градоначалникот Митовски по освоениот европски бронзен медал

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска во својот кабинет организираше прием на членовите на женскиот кошаркарскиот тим од средното општинско училиште „Ѓорче Петров” по повод освоениот прв европски медал за училиштето на Европското кошаркарско средношколско првенство 2023, што од 12 до 17 јуни се одржа во Скопје. На средбата присуствуваа и директорката Елена Ѓоргиевска и професорот што го …

Continue Reading

Европската комисија ќе предложи замрзнатите руски средства да се користат за обнова на Украина

Европската комисија ќе предложи замрзнатите руски средства да се користат за поддршка на обновата на Украина, изјави денеска претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен за време на втората конференција за обнова на Украина, што се одржува во британската престолнина, јави ДПА. Европската комисија ќе го претстави соодветниот план пред летниот одмор, прецизира Фон дер Лајен, според кој руските средства …

Continue Reading

Бислимоски: Се анализираат барањата за цената на струјата, ќе се обидеме да бидеме креативни со цел да се избегне ценовен шок

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во моментов ги анализира барањата поднесени од енергетските компании за цената на електричната енергија на регулираниот пазар за наредните шест месеци што ќе важи од 1 јули годинава и како што најавува претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски ќе се обидат и годинава да бидат креативни со цел да се избегне ценовен шок. …

Continue Reading

Реновиран Одделот за ревматологија и кардиологија на Детската клиника во Скопје

На Универзитетската клиника за детски болести во Скопје денеска свечено беше пуштен во употреба реновираниот Оддел за ревматологија и кардиологија. Министерот за здравство Фатмир Меџити во обраќањето на свеченоста изјави дека комплетно реновирање и доопремување на одделот за ревматологија и кардиологија на Детската клиника се реализираше со донација од „Комерцијална банка“ во вредност од 4.984.000 денари. – Одделот за ревматологија …

Continue Reading

Реакција на министерот за правда Кренар Лога на наводите на Димитар Апасиев

Откако се поклони на гробовите на Јосип Брзо Тито и Енвер Хоџа, следната дестинација за поклонување на Димитар Апасиев е гробот на Бенито Мусолини. Господине Апасиев, наместо да се гордеете дека во изводот на родени ќе стои националност- Македонец/Македонка, Вие со својата деструктивна политика по секоја цена сакате да ги држите граѓаните во заблуда за свои политички цели. Како ,,самопрогласен” …

Continue Reading

Алтернатива: Мерко е една нишка во пајажината на корупција што ДУИ ја создаваше 20 години

Партијата „Алтернатива“ денеска излезе со став по вчерашната објава дека струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кадар на ДУИ, е ставен на црната листа на САД. – После Холандија, и САД му стави печат на ДУИ како партија со корумпирани кадри кои влијаат врз правосудството. Ова е невиден скандал досега во нашата политичка сцена. Сепак ова за нас не е ниту новост, …

Continue Reading

Шаќири на средба со полуматуранти: Аплицирањето за запишување во средно училиште е едноставно и лесно

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во пресрет на уписните рокови за запишување на учениците во јавните средни училишта, оствари средба со ученици од деветто одделение со кои заеднички ја разгледуваа електронската апликација преку која учениците ги поднесуваат документите во училиштата согласно нивните афинитети. Учениците кои своето образование ќе го продолжат во средните стручни училишта и гимназиите, заедно со …

Continue Reading