Ковачевски: Со внесување на Бугарите во Уставот паѓа во вода тезата за „еден народ во две држави“

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека  ВМРО-ДПМНЕ треба да остане на искажаниот став во однос на уставните измени и да се работи на ниво на работни групи и да се договорат деталите, потенцирајќи дека со внесувањето на Бугарите во Премабулата на Уставот паѓа во вода тезата за „еден народ во две држави“. – Не толкувам што е јавно кажано и …

Continue Reading

Шаќири на средба со НСОН: Конструктивeн дијалог за поквалитетно образование и заштита и унапредување на правата на наставниците

Ниту еден наставник нема да го изгуби своето работно место или пак ќе добие помала плата, поради интегрирањето на предмети во основното образование, кое го предвидува новата Концепција за основно образование што веќе трета година по ред е основа за крупни промени во базата на образовниот систем кои треба да овозможат покреативна настава и добро подготвени, иновативни и креативни ученички …

Continue Reading

Танги: Размислуваме за усвојување резолуција за поддршка македонската евроинтеграција во францускиот Парламент по примерот на Бундестагот

Националното собрание на Франција е на добар пат да усвои резолуција за реафирмација на македонскиот јазик на патот на Северна Македонија кон Европската Унија, по примерот на документот усвоен во германскиот Бундестаг, најавува пратеничката во францускиот Парламент Лилијана Танги, која доаѓа од редовите на владејачката партија Ренесанса на францускиот претседател Емануел Макрон. – За време на нашите разговори навистина забележавме …

Continue Reading

Без вода улиците „Мариовска“ и „Милан Мијалковиќ“

Поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улица „Мариовска“ 3/61, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Мариовска“ и „Милан Мијалковиќ“. Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП водовод и канализација – Скопје ќе биде прекинато од 12:20 часот до завршување со работните активности.

Continue Reading

Мицкоски: Македонија ја има најкриминалната и најкорумпираната влада во Европа, каде што кланови владеат, а нивните семејства стекнуваат милионски имот

Не треба нас некој друг да ни кажува дека има криминал во Македонија, тоа го чувствува секој еден граѓанин. Кога ќе го прашате ќе ви каже дека, за жал, Македонија е нај криминалната држава, за жал Македонија е држава каде што кланови владеат. Гледате неколку фамилии во Македонија кои што се дел од највисоките раководства на политичките партии од власт, …

Continue Reading

Саем на книга на „Култура“ во Делчево

Богата понуда на книги меѓу кои и дела од авторката Милијана Павловска денес понуди Саемот на книга на издавачката куќа „Култура“ во Делчево. Саемот е во организација на Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево чиј директор Биљана Петровска ги повика читателите да го посетат и да поразговараат со творештвото на Павловска. -Издавачката куќа „Култура“ конечно со свој саем на книги …

Continue Reading

Изложба на сликари од Кавадарци

Во паркот на книгата на Матица Екслузив од Скопје, вечер со почеток од 20 часот ќе биде отворена изложба на сликари од Кавадарци, проследена со поетски настап на автори од овој град. Настанот, како што најавуваат издавачите ќе биде збогатен со музика, посветена на љубовта и на виното. Специјален гостин на вечерта ќе биде Драган Мијалковски.

Continue Reading

Медиуми: Хаверц го засилува Арсенал

Британските медиуми објавија синоќа дека премиерлигашките клубови Челзи и Арсенал се договориле околу трансфер на германскиот репрезентативец Каи Хаверц од „Стемфорд Бриџ“ на „Емирејтс“. Според медиумите, двата лондонски ривали постигнале договор вреден 76 милиони фунти, а за комплетирање на трансферот преостанува Хаверц да ги договори личните услови со Арсенал и да ги мине задолжителните лекарски прегледи. Хаверц ја почна кариерата …

Continue Reading

Земјотрес од 2,7 степени по Рихтер во Беровско

Земјотрес со интензитет од 2,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 9 часот и 53 минути со епицентар на 11 километри западно-северозападно од Берово. Потресот бил на длабочина од 10 километри под површината на земјата. Како што соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, телеметриската сеизмолошка мрежа земјава го регистрирала земјотресот со епицентар на 113 километри југоисточно …

Continue Reading