Мицотакис денеска ќе го добие мандатот за формирање Влада и ќе положи свечена заклетва

По вчерашната убедлива победа на Нова демократија на парламентарните избори и освоените 158 пратенички места што обезбедуваат парламентарно мнозинство за формирање Влада, лидерот на партијата Кирјакос Мицотакис денеска ќе положи свечена заклетва и повторно ќе ја преземе премиерската функција, јави дописничката на МИА од Атина. Првично, претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу ќе се сретне со претседателот на Парламентот Константинос Тасулас, …

Continue Reading

Српскиот началник на ГШ на војската попладнево ќе и се обрати на јавноста во врска со ситуацијата на Косово

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, Милан Мојсиловиќ попладнево ќе и се обрати на јавноста во врска со ситуацијата на Косово, јавија српските медиуми. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера изјави дека не може да каже дали на средбите во Брисел е направен чекор за деескалација на ситуацијата во северниот дел од Косово, бидејќи не присуствувал на состанокот …

Continue Reading

Активистот Суад Мисини со обраќање пред Работната група за надзор над спроведувањето на Законот за матична евиденција

Претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска, денеска, во Собранието на Република Северна Македонија одржа состанок со Работната група која е задолжена за надзор над спроведувањето на Законот за матична евиденција. На состанокот, како што соопшти собраниската прес-служба, се обрати активистот Суад Мисини, кој во текот на вчерашниот ден започна штрајк со жед, со цел …

Continue Reading

Од коалицијата „Менуваме“ бараат јавна расправа во врска со стратегијата за лицата со попреченост

Од коалицијата „Менуваме“ бараат јавна расправа во врска со стратегијата за лицата со попреченост. Ова беше соопштено на денешната прес-конференција од страна на Суарет Алиша, по остварената средба со претставници на Министерството за труд и социјална политика. До Министерството за труд и социјална политика, доставиле забелешки на акциониот план, за стратегијата, за која, како што рече, не ги решавала проблемите …

Continue Reading

Германските пратеници ги одобрија плановите за привлекување квалификувани работници

Германскиот Парламент денеска ги одобри плановите за привлекување на повеќе квалификувани работници во најголемата европска економија за да се помогне во справувањето со недостигот на работна сила во се поголем број професии. Повеќето пратеници гласаа за планираниот „систем на бодови“ кој зема предвид професионално искуство и други фактори и е сличен на системите што ги користат другите земји, на пример …

Continue Reading

Премиерот не очекува зголемување на цената на струјата

Премиерот Димитар Ковачевски не очекува зголемување на цената на електричната енергија. – Цената на електричната енергија ја дефинира Регулаторната комисија за енергетика. Јас не очекувам ценовен шок, истото го кажав и пред сега веќе претпоследното определување на цената на струјата. Тогаш сите велеа дека ќе има зголемување на цената на струјата од 30 до 60 проценти. Тоа беа истите тие …

Continue Reading

Уставните измени ќе се најдат на една од наредните владини седници, пред нас е период на разговори, порача Ковачевски

Уставните измени се подготвени од страна на работната група. Тие ќе се најдат на една од наредните седници на Владата, откако ќе бидат подготвени сите пропратни документи за да бидат испратени до Собранието. Сметам дека имаме време да ги донесеме уставните измени, пред нас е период кога ќе се водат разговори, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој е на ставот …

Continue Reading

Стефковски: Недозволиво е дете да напушти градинка без да биде забележано

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски изрази загриженост тоа што двегодишно дете ја напуштило градинката во Автокоманда и бара од Министерството за труд и социјална политика да ја разреши директорката на „Детска радост“. – Сакам да изразам сериозна загриженост за безбедноста и сигурноста на дечињата кои ја посетуваат детската градинка „Детска радост“ во Автокоманда. Како родител на дете кое …

Continue Reading

Ивановска: ДКСК нема надлежност да постапува за внукот на Ахмети

Внукот на Али Ахмети не е избрано и именувано лице поради што, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) директно нема надлежност да постапува по него, рече денеска претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска. Одговорајќи на новинарско прашање дали ДКСК го следи случајот „Соравија“ во кој е наводно инволвиран внукот на Ахмети и дали има можност за постапување, Ивановска напомена дека …

Continue Reading