Синдикатот на УЈП во текот на денов до МТСП ќе достави нов предлог за помирувач

Синдикатот на Управата за јавни приходи (УЈП) во текот на денов ќе достави нов предлог за помирувач до Министерството за труд и социјална политика (МТСП) кој треба да изнајде решение за нивното барање за зголемување на платата за 30 отсто какво што неодамна добија дел од вработените во Министерството за финансии. -По откажувањето на помирувачот Лазар Јовевски, кој требаше да …

Continue Reading

Ковачки: ЈО да отвори истрага за деловниот центар „Соравиа“

Дрин Ахмети, со вчерашното признание дека презема 39% од сопственоста на деловниот центар Соравиа, без да даде ниту еден денар за тоа, само затоа што има претприемачки дух, фрла сомнеж и дополнително го инкриминира Али Ахмети, дека тој лично стои позади целата оваа зделка. Тор Индустриес на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети е фирма која е основано во 2020 …

Continue Reading

Нема конечни резултати од изборите во Црна Гора, разговорите за новата влада ќе почнат по нивното објавување

Државната изборна комисија (ДИК) на Црна Гора соопшти дека не се исполнети законските услови за објавување на конечните резултати од парламентарните избори во таа земја. Претседателот на ДИК, Никола Мугоша, изјави дека одредени жалби се уште се без епилог, „поради што е невозможно да се соопштат резултатите“. Од Движењето Европа сега, кое според првичните резултати освои најмногу гласови, соопштија дека …

Continue Reading

Во Струмица отворен Клуб за деца и младинци со Даунов синдром и нивните семејства

Здружението на граѓани за помош и поддршка на лицата со Даунов синдом „Вера“ од Струмица, во партнерство со Општина Струмица, денеска отвори Клуб за деца и младинци со Дауонов синдром и нивните семејства, „Деца на сонцето“. Клубот е сместен во Повеќенаменскиот социјален центар, каде децата со помош на стручни лица ќе имаат воннаставни активности четири часа од понеделник до петок, …

Continue Reading

Нивото на водата во Охридското Езеро пет сантиметри под просекот за јуни

Интензивните врнежи од дожд изминатите денови значително придонесоа за подобрување на хидролошката состојба на Охридското Езеро, чие ниво се приближува кон јунскиот просек. Според последните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), нивото на водата во езерото денеска е на котата 693,60 метри надморска височина, што е на пет сантиметри под просекот за јуни (693,65 м.н.в) …

Continue Reading

Гауденци реизбран за претседател на АТП

Италијанецот Андреа Гауденци е реизбран на местото претседател на Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП), објави синоќа организацијата. Гауденци застана на чело на АТП во 2020 година, а неговиот мандат сега е продолжен до 20206. Под негово водство дојде до зголемување на наградниот фонд во машкиот тенис за 37.5 милиони долари оваа година, што е најголем скок во историјата на тенисот …

Continue Reading

Вицепремиерката Грковска во работна посета на Брисел

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Славица Грковска, од денеска е во работна посета на Брисел, каде што ќе има низа средби со високи претставници на европските институции. Во рамки на посетата, како што соопштуваат од Владата, планирани се поединечни средби на Грковска со Вера Јурова – комесар за вредности и транспарентност и Јоханес Хан – комесар …

Continue Reading

Милатовиќ: Европската интеграција е главниот катализатор на реформите во регионот

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ е домаќин на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Подгорица, со кој завршува претседавањето на таа земја со оваа регионална иницијатива. На отворањето, Милатовиќ рече дека денешната средба ја потврдува годината која донесе бројни предизвици, со што, како што рече, уште поочигледна е важноста на блиската соработка и партнерство за …

Continue Reading

ЕЦБ ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во јули, најави Кристин Лагард

Европската централна банка (ЕЦБ) ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во јули за да се бори против инфлацијата во еврозоната, изјави нејзината претседателка Кристин Лагард за време на централниот банкарски форум во Синтра, Португалија. – Нашата работа не е завршена. Доколку не видиме значителна промена во изгледите, ќе продолжиме да ги зголемуваме каматните стапки во јули, истакна таа. Во …

Continue Reading