Во Тетово ќе се продаваат уметнички слики, средствата наменети за лицата со посебни потреби

Во Тетово се организира хуманитарен настан за продажба на уметнички слики, а собраните средства ќе се дадат на лицата со посебни потреби. Настанот го организираат Здружение за церебрална парализа Тетово и ликовните уметници. Уметничките слики ќе бидат изложени и ќе има аукција за нивна продажба во кафе-клубот „Вајб“ (Vibe) кај Стара градинка утре, среда 26 јуни 2023 година со почеток …

Continue Reading

Мировниот пратеник на папата Франциск ќе ја посети Москва

Италијанскиот кардинал Матео Зупи, задолжен од папата Франциск, ќе предводи мировната мисија во обид да помогне да се стави крај на војната во Украина. Тој утре и в четврток ќе престојува во Москва. Целта на оваа иницијатива е да се поттикне чувството за хуманост што може да придонесе за решавање на актуелната трагична ситуација и да се изнајдат начини за …

Continue Reading

Песков: Кремљ нема информации каде се наоѓа Пригожин

Кремљ денеска соопшти дека нема информации за тоа каде се наоѓа водачот на платеничката група „Вагнер“ Евгениј Пригожин, кој во саботата се бунтуваше во знак на протест против, според него, лошото спроведување на воените операции во Украина, пренесоа британските медиуми. Според условите на договорот што стави крај на немирите, на Пригожин му беше дозволено да се пресели во Белорусија, а …

Continue Reading

Средба Борел-Рама: Косово и Србија да го одобрат патоказот на Брисел

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама од Брисел, упати апел до лидерите на Косово и Србија да најдат начин да избегнат ескалација на ситуацијата и да го одобрат патоказот што беше ставен на маса минатата недела во Брисел, јави албанската државна агенција, АТА. – Разговаравме и за …

Continue Reading

Вучиќ: Србија не е одговорна за зголемување на насилството на северот на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска демантираше дека Србија стои зад зголемувањето на насилството на северот на Косово, јави дописникот на МИА од Белград. На прес-конференција во Ваљево, Вучиќ изјави дека „очекува многу тешки ситуации“ во наредниот период за Србите на Косово. Вучиќ рече дека „сите во светот знаат кој се обидува да ја ескалира ситуацијата“, „се знае кој се игра …

Continue Reading

Просечната сметка за струја од 1 јули пониска за 4,26 отсто, доколку ДДВ-то се врати на 18 отсто повисока за 2,5 отсто

Од 1 јули годинава за 7,04 проценти ќе се намали вкупната цената на електричната енергија во првиот блок со вкалкулирана енергија и мрежарина, во вториот блок ќе биде поевтина за 4,09 проценти, додека во третиот блок ќе има зголемување за 2,54 проценти, а во четвртиот блок цената ќе биде повисока за 2,42 проценти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и …

Continue Reading

Лукашенко: Заканата од нов глобален конфликт никогаш не била толку блиску како денеска

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, изјави дека заканата од нов глобален конфликт никогаш не била толку блиска, а ситуацијата во регионот се обидува да се разреши на сите можни начини, пренесе Тасс. -Заканата од нов глобален конфликт никогаш не била толку блиска како што е денеска. Уште еднаш се обидуваат да ја минираат нашата земја, целиот наш регион, да ги дезориентираат …

Continue Reading

Петровска: Армијата забрзано се модернизира, пристигнати се 32 JLTV оклопни возила, Страјкер доаѓаат следната година, наскоро одлука за набавка на хеликоптери

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во интервју за ТВ24 рече дека продолжува силното темпо на модернизација на Армијата поддржано со значајни инвестиции. – При процесот на модернизација на Армијата многу се важни два сегмента: прво е важно да имате стабилен план кој е одржлив и може да биде реализиран и второ да имате соодветно финансирање, односно буџетирање. Во случајот со …

Continue Reading

Орбан за Ди Велт: Украина веќе не е суверена земја, нема ни пари ни оружје

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта даде интервју за германскиот весник „Ди Велт“, во кое го искажа својот став за текот на војната во Украина. Тој смета дека Киев ќе остане без војници пред Москва. За да ја спасат Украина, САД и Русија треба да преговараат за мир, тврди унгарскиот премиер. И покрај првичните успеси на украинската контраофанзива, Орбан сепак …

Continue Reading