Нетанјаху му ја честитал победата на Мицотакис и се договориле набргу да се сретнат

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал телефонски разговор со премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, кој му се јавил да му честита за победата на изборите, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, „за време на разговорот двајцата премиери ја потврдиле волјата за дополнително зајакнување на билатералните односи и се договориле набргу да се сретнат“. Мицотакис …

Continue Reading

Заврши првиот турнир во мал фудбал „Тетово 2023“-победи екипата „Такси МСМ“

Екипата „Такси МСМ“ е победник на првиот турнир во мал фудбал „Тетово 2023“ што вчера се одигра во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Во финалниот дуел „Такси МСМ“ и екипата „Ресторан Босс“ одиграа нерешено 4:4, а победникот беше решен по изведување на пенали 10:9. – За најдобар играч беше прогласен Мелуш Керими од „Такси МСМ“, додека за најдобар голман …

Continue Reading

Спасовски на логорување во Лазарополе со студентите од Факултетот за безбедност како дел од Отворените денови на МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР, ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, Игор Неделковски, деканот на Факултетот за безбедност – Скопје, Никола Дујовски, проректорите, професорите и претставници од Амбасадата на САД и Мисијата на ОБСЕ, денеска го посетија Кампот за обука на МВР во Лазарополе каде што студенти од Факултетот за бесбедност …

Continue Reading

Концерт на Скопскиот дувачки квантет утре во Македонскиот културен центар во Загреб

Скопскиот дувачки квантет утре ќе настапи во Македонскиот културно информативен центар во Загреб, Хрватска. На програмата ќе бидат дела од Хајдн, Фаркас, Бизе, Агостини, Г.Смокварски -Тешкото. Скопскиот дувачки квинтет постои повеќе од четириесет години и претставува дел од една традиција на камерна дружба меѓу плејада македонски уметници од дувачката фела. Овој камерен состав во текот на своето постоење изведува дела …

Continue Reading

Преспанскиот договор и Закон за јазиците на седница на Уставен суд во септември, најдоцна октомври

Поважните предмети како Преспанскиот договор и Закон за јазиците ќе бидат ставени на седница во септември, најдоцна октомври, изјави претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. На денешниот брифинг со новинари, таа посочи дека одложувањето на решавањето по овие предмети е поради недоволниот број на судии во Уставниот суд. – Пратениците и понатаму не избираат уставни судии. Од 2 јуни е …

Continue Reading

Викарио нов голман на Тотенхем

Чуварот на мрежата на калчолигашот Емполи, Гилермо Викарио, ја смени клупската средина и потпиша договор со премиерлигашот Тотенхем, вреден 18.6 милиони евра. Викарио, како што јавија синоќа британските медиуми, ставил потпис на петгодишен договор и прв пат во кариерата ќе настапува надвор од родната Италија. Претходно во кариерата италијанскиот голман настапуваше и за Удинезе, Каљари, Венеција и Перуџа. На крајот …

Continue Reading

Реконструкција на клонот „Пинокио“ во градинката „Раде Јовчевски – Корчагин“

Ќе се санира фасадата и комплетно ќе се реконструира покривот на објектот „Пинокио“, клон на градинката „Раде Јовчевски – Корчагин“ во општина Центар. Ќе бидат реконструирани и надворешните тераси и внатрешноста на целиот објект. Како што соопшти Општина Центар, во внатрешниот дел на објектот се работи во занималните и ходниците, каде се изведува реконструирање на дел од ентериерот, замена на …

Continue Reading

Нови критики од Брисел поради црногорската визна политика

Европската комисија уште еднаш ја предупреди Црна Гора поради непочитување на визната политика на ЕУ. Ваквото предупредување овој пат дојде во нон пејпер за владеењето на правото во Црна Гора, наведува РТЦГ. Во документот на Европската комисија, кој ги опфаќа настаните од јуни 2022 година до март 2023 година, се посочува дека во тој период имало голем број застои кои …

Continue Reading

Група американски сенатори бараат од Бајден да даде приоритет на решавање на ситуацијата во Косово

Група американски сенатори побараа од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден „да му даде приоритет на решавањето на влошената безбедносна ситуација меѓу Косово и Србија“. Во писмото, потпишано од осум демократски и републикански сенатори, се бара Бајден да размисли за одложување на продажбата на воена опрема, доколку двете страни не се обврзат да го почитуваат европскиот предлог за нормализација на …

Continue Reading