Двајца загинати во престрелка пред Конзулатот на САД во Саудиска Арабија

Две лица загинаа во вчерашниот вооружен инцидент пред Конзулатот на САД во Џеда, потврдија саудиски и американски претставници. Во инцидентот загинаа чуварот на Конзулатот, кој беше од Непал и напаѓачот. Едно лице во автомобил застана во близина на зградата на Американскиот конзулат во провинцијата Џеда и излезе со огнено оружје во рака. Размената на оган резултираше со негова смрт, изјави …

Continue Reading

Уапсен и казнет Грк кој со автомобилот влечел врзано куче

По објавеното видео на социјалните мрежи на кое се гледа куче врзано за задниот дел на автомобил во движење, уапсен е возачот поради злоупотреба на животно и е казнет со 30.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Инцидент се случил на грчкиот остров Закинтос, влечењето на кучето било снимено од друг автомобил, по што бил идентификуван сторителот и соодветно …

Continue Reading

ОН: Во Нигерија гладуваат околу 4,3 милиони луѓе

Милиони луѓе се соочуваат со глад поради конфликти и интензивираните климатски промени во североисточна Нигерија. Западноафриканската држава е во опасност од хуманитарна криза, изјави хуманитарниот координатор на Обединети нации во Нигерија, Матијас Шмале. Тој додаде дека 4,3 милиони луѓе гладуваат во нигериските сојузни држави Борно, Адамава и Јобе. Бројот на деца под пет години изложени на ризик од тешка акутна …

Continue Reading

Морските мозасауруси се стари 94 милиони години

Науката досега веруваше дека праисториските влекачи приспособени на живот во морето наречени мозасауруси живееле пред 82 и 66 милиони години, за време на последниот период од мезозојската ера. Но, новите сознанија говорат за фосили од мозасауруси коишто всушност се стари 94 милиони години. Истражувањето е спроведено од Бирото за управување со земјиштата и предводено од д-р Бери Олбрајт од Универзитетот …

Continue Reading

Откази за сите вработени новинарите на „Нејшнл џиографик“

„Нејшнл џиографик“ (National Geographic) ги отпушти своите последни вработени новинари и најави дека од следната година повеќе нема да се продава на киосците во САД, но ќе продолжи да објавува месечни изданија. Откази добија 19 вработени новинари, а редакцијата отсега ќе биде составен од хонорарни уредници и соработници „Нејшнл џиографик“ најави дека сепак ќе остави неколку вработени новинари и објасни …

Continue Reading

Продолжува меѓународната научна конференција во Институтот за македонски јазик

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во рамки на Отворените денови денесака ја продолжува дводневната осма Меѓународна научна конференција, годинава на тема: „Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања“. Годинава на конференцијата се пријавени 110 учесници, од кои повеќе од 50 се странски и се дојдени од: Албанија, Босна и Херцеговина, Полска, Србија, САД, Хрватска, Црна Гора …

Continue Reading

„Волстрит џурнал“: Кинескиот шпионски балон користел американска технологија

„Волстрит џурнал“ повикувајќи се на прелиминарните резултати од истрагата објави дека кинескиот шпионски балон што прелета над САД на почетокот на годината користел американска технологија за собирање аудио-визуелни информации. – Анализата на неколку американски одбранбени и разузнавачки агенции покажа дека балонот носел комерцијално достапна американска опрема, заедно со специјализирани кинески сензори и друга опрема за собирање фотографии, видеа и други …

Continue Reading

Премиерот Ковачевски ја завршува дводневната официјална посета на Берлин

Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, заедно со заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ја завршува дводневната официјална посета на Сојузна Република Германија. Владината делегација претпладнево ќе одржи средби со претставници на здруженија кои работаат во Германија, а во 11 часот во просториите на македонската амбасада …

Continue Reading

Санкционирани 128 возачи во Скопје, 33 за брзо возење

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 128 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 33 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за управување возило под дејство на алкохол, осум мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли. Изречени се четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири …

Continue Reading