Завршени 60 инфраструктурни проекти од ТАВ програмата, се работи на 22

Реализацијата на проектите од ТАВ програмата е над 76 проценти и се одвива успешно според предвидената динамика. Од вкупно 82 започнати проекти во вредност од 49,7 милиони евра, до денеска се завршени 60 инфраструктурни проекти во разни општини низ државата, а тековно се работи на 22 други. За останатите 10 проекти овие денови ќе почне реализацијата, изјави денеска вицепремиерот за …

Continue Reading

Баерн не се откажува од Кејн, Тотенхем не сака да го пушти

Баерн останува со надеж дека ќе го ангажира напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн ова лето. Според „Скај спорт Германија“, тимот од Минхен ќе даде уште една понуда за 29-годишниот Англичанец. Од Тотенхем велат дека нема да го продадат напаѓачот, но раководството на Баерн се надева дека ќе ги убеди Спарс да се разделат со играчот. Доколку преговорите сепак не завршат …

Continue Reading

Во Судот во Охрид повторно не се одржа рочиштето против адвокатот Менкиноски

Пред Основниот суд во Охрид и денеска не се одржа рочиштето од процесот што се води против адвокатот Тони Менкиноски, обвинет за нарушување на јавниот ред и мир со поставувањето знаме со сонцето од Кутлеш во центарот на Охрид. Рочиштето не се одржа поради тоа што пред Судот не се појавија претставници на Министерството за внатрешни работи, од каде против …

Continue Reading

Руте во Приштина: ЕУ не треба да го вперува прстот во „виновникот“ во косовско-српскиот спор

Премиерот на Холандија, Марк Руте, кој заедно со неговиот луксембуршки колега, Ксавиер Бетел, престојува денеска во Косово, изјави дека неговата држава ги поддржува Косово и Србија на патот на дијалогот со цел нормализирање на односите меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина. Обраќајќи им се на новинарите по средбата со косовскиот премиер, Албин Курти, Руте рече дека намалувањето …

Continue Reading

Хуманитарните агенции на ОН со загриженост од обемот на нападот во Џенин и барање Израел да гарантира хуманитарен пристап

Агенциите за хуманитарна помош на ОН денеска изразија загриженост за обемот на тековната операција во градот Џенин на Западниот брег, каде што беа убиени десет Палестинци и рекоа дека има ограничувања за пристапот на медицинските тимови. „Вознемирени сме од обемот на воздушните и копнените операции во Џенин на окупираниот Западен Брег и воздушните напади насочени кон густо населениот бегалски камп“, …

Continue Reading

Почна изградбата на воводна мрежа во штипската викенд населба „Суитлак“

Почна изградбата на првата фаза од изградбата на водоводната линија во викенд населбата „Суитлак“ во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и директорот на ЈП „Исар“-Штип, Кирил Зајков денеска извршија увид во градежните работи. Штипскиот градоначалник, Јорданов истакна дека во првата фаза е опфатено решавање на водоснабдувањето за околу сто домаќинства, а втората фаза ќе се реализира откако ќе …

Continue Reading

Путин ги уверува азиските сојузници во стабилноста на Русија по бунтот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска им кажа на азиските сојузници дека рускиот народ е пообединет од кога било досега, во неговото прво појавување на меѓународен форум по краткотрајниот бунт од минатиот месец на платеничката група Вагнер на Евгениј Пригожин. „Рускиот народ е поконсолидиран од кога било досега“, рече Путин на виртуелниот состанок на Шангајската организација за соработка, група која ги …

Continue Reading

Тренчевска: Не знам од каде 14 отсто, се разговара за систем за плати

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, одговарајќи на новинарски прашања денеска рече дека во преговорите за зголемување на платите во јавниот сектор досега не се разговарало за 14 отсто,  како што рекоа вчера синдикалните претставници по седницата на Економско-социјалниот совет. -Јас не знам од каде 14 отсто кога досега не се разговараше за 14 отсто. Се разговара за …

Continue Reading

Приведени две лица во Липковско, кај нив пронајдени фалсификувани пари

Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во село Отља, Липковско, ги привеле О.О.(19) и О.М.(21) од Сингелиќ, осомничени за фалсификување пари, соопшти МВР. При контрола кај нив биле пронајдени 450 фалсификувани евра. Полицијата вели дека двете лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Continue Reading