Судската администрација во Скопје на протест

Вработените во судската администрација во судовите во Скопје денеска од 10 часот ќе протестираат. Бараат исплата на додатоци за плата и зголемување на платите. Како што изјавија од Синдикатот на УПОЗ за МИА, револтот кај вработените во судската администрација е голем особено по одлуката на Уставниот суд со која платите на избраните и именуваните лица се зголемени за 78 проценти.

Continue Reading

Без вода дел од општина Гази Баба

Од 08:30 часот утрово без вода ќе бидат корисниците од дел од Ќерамидница, Бриколаж и Бонум, соопшти РЦУК. Причината за прекинот во водоснабдувањето е промена на затворач ф-80 мм на улицата „Перо Наков“ бр.57. Корисниците ќе немаат вода до завршување на предвидениот зафат.

Continue Reading

Променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. …

Continue Reading

На денешен ден

1783.- Во Роан е роден Шарл Луј Авас, француски писател, новинар, основач на новинската агенција „Авас“. Авас го осмислила новиот концепт на специфичното агенциско новинарство. Агенцијата Авас е најстара во светот, која тој ја основал во 1835 година. Како новинска агенција Авас постоела до 1945 година, кога била национализирана по падот на вишискиот режим во Франција. Од неа израснала денешната …

Continue Reading

Од верските календари

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 јуни. Светиот свештеномаченик Евсевиј, епископ Самосатски Многу постигна во изобличувањето на аријанството. Кога се испразни антиохискиот престол, на негово настојување за патријарх беше избран Мелетиј, големо светило на Црквата, којшто после смртта се удостои со голема пофалба од Свети Јован Златоуст. Но сепак аријанците набрзо по востоличувањето го изгонија Мелетиј од …

Continue Reading

Астрономски календар

Денеска е среда, 5 јули 2023 година, 186-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 179 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 4 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 8 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина и нема да изгрее, а ќе зајде во …

Continue Reading

Собранието расправа за предлог-закони од дневниот ред на четири пленарни седници

Собранието денеска работи по неколку точки од дневниот ред на четири пленарни седници (103,111, 115 и 117) за кои гласањето ќе биде дополнително. Исцрпена е расправата за Предлог-законот за ратификација на Протоколот за вода и здравје на Конвенцијата од 1992 година за заштита и користење на прекуграничните водотеци и меѓународни езера – второ и трето читање. Здравко Трајанов од ВМРО-ДПМНЕ …

Continue Reading

Дополнителни три денари по килограм предадена пченица, поддршка и за јачменот и оризот

Дополнителна поддршка од три денари по килограм предадена пченица кај домашните откупувачи, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Целта на мерката за дополнителна поддршка предадена пченица, посочи денеска Николовски, е да се наполнат домашните капацитети за домашно производство на храна што треба да се зголеми. -МЗШВ е подготвено и ќе излезе пред Владата со нов пакет …

Continue Reading

Нина Кравиц, Лајбах, Констракта дел од годинешното издание на Skopje Calling

На Стадионот на АРМ во Скопје во петок, 7 јули, ќе се одржи културно музичкиот фестивал Skopje Calling 2023. Како што најавија од Авалон Продукција, на фестивалот ќе настапат Нина Кравиц, Лајбах, Констракта и Земја Грува, Буч Кесиди, и „Nipplepipple“. Како што најави на денешната прес-конференција сопственикот на Авалон Продукција, Бобан Милошески, продукциски фестивалот се предвидува да биде на највисоко …

Continue Reading