Почнува тридневната расправа во грчкиот Парламент за гласање доверба на Владата

Со говор на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, попладнево во грчкиот Парламент започнува тридневната расправа за гласање доверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина. Во следните три дена, премиерот и министрите од Владата ќе ја претстават нивната програма, а се очекува свои обраќања да имаат и лидерите на останатите политички партии, како и пратеници. Владиниот портпарол Павлос Маринакис на …

Continue Reading

Мексико: Автобус падна во провалија, најмалку 27 патници загинаа

Најмалку 27 патници загинаа денеска во Мексико, кога патнички автобус изгубил контрола и излетал од патот во провалија длабока 25 метри, соопштија властите. Несреќата се случила во регионот Миктека во јужната држава Оахака. Државниот секретар за внатрешни работи Хесус Ромеро изјави дека во несреќата загинале 27 лица, меѓу кои и едноиполгодишно дете. Тој рече и дека околу 20 лица се …

Continue Reading

Бајден ја потврди поддршката за членството на Шведска во НАТО

Американскиот претседател Џо Бајден на денешната средба во Белата куќа со шведскиот премиер Улф Кристерсон го поддржа членството на Шведска во НАТО. На средбата со Кристерсон, Бајден истакна дека сака да ја потврди американската поддршка за членството на Шведска и додаде дека „се радува на тоа“, пренесуваат американските медиуми. Кристерсон му се заблагодари на Бајден за поканата и истакна дека …

Continue Reading

Руската државна ТВ го нападна Пригожин

Руската државна телевизија го нападна шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин, кој започна вооружен бунт минатиот месец, и рече дека „истрагата за тоа што се случи сè уште енергично се води“. Пригожин, кој е во егзил, ја презеде контролата врз јужниот руски град Ростов на Дон на 24 јуни, зазеде команден центар таму каде Русија ја координира својата војна …

Continue Reading

Зеленски во интервју за Си-ен-ен: Сакав контраофанзивата да почне порано, Западот задоцни со испораката на оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Си-ен-ен кажа дека сакал контраофанзивата против руските сили да почне порано и дека за таа цел побарал од западните сојузници да ја забрзаат испораката на оружје, пренесуваат британските медиуми. -Сакав контраофанзивата да почне многу порано, бидејќи сите разбраа дека ако контраофанзивата почне подоцна, поголем дел од нашата територија ќе биде минирана, кажа украинскиот …

Continue Reading

Во Ресен почнува фестивалот „Актерот на Европа 2023“

Со доделување на наградата „Актер на Европа“, која годинава и припадна на унагарската актерка и театарски режисер Енико Есењи, вечер во „Сарајот“ во Ресен почнува 21. издание на истоимениот интернационален фестивал. На свеченото отворање ќе се обратат градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, претседателот на жирито, Мето Јовановски, а беседа за лауреатот ќе одржи претседателот на фестивалот, Јордан Плевнеш. Според програмата, …

Continue Reading

Без вода дел од Гази Баба

РЦУК – Скопје соопшти дека утрово од 08:30 часот вода нема да имаат корисниците на дел од Ќерамидница, Бриколаж и Бонум во општина Гази Баба. Причина за прекинот на водоснабдувањето е промена на затворач ф 80 мм на улицата „Перо Наков“ бр.57. Прекинот ќе трае до завршување на зафатот.

Continue Reading

Без струја дел од општините Аеродром и Сарај

Делови од општините Сарај и Аеродром во различни периоди од денов ќе останат без електрична енергија. Како што информира РЦУК – Скопје, од 09.00 до 11.00 часот струја нема да имаат корисниците од дел од ТЦ Скопјанка и зградите помеѓу булеварите „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Јане Сандански“, а од 09.00 до 14.00 часот корисниците од дел од улицата „Арх. …

Continue Reading

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Рама

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим поради официјална посета на албанскиот премиер Еди Рама. За сообраќај ќе бидат затворени булеварите „Александар Македонски“, Гоце Делчев“ и „Климент Охридски“, улиците „Беласица“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Орце Николов“, како и дел од улицата „Франклин Рузвелт“. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира граѓаните да ги почитуваат …

Continue Reading