Најмалку 50 загинати, меѓу кои и деца како последица на монсунските дождови во Пакистан

Најмалку 50 лица, меѓу кои осум деца, загинаа во поплавите и одроните предизвикани од монсунските дождови што го зафатија Пакистан, соопштија властите. На северот на Пакистан осумте деца, кои биле на возраст меѓу 12 и 15 години, загинале во одрон додека играле крикет по монсунските дождови. Инцидентот се случил синоќа во областа Шангла. -Речиси 15 деца поставија терен за крикет …

Continue Reading

Стопанска комора: Видливи резултатите од афирмирањето и имплементирањето на дуалното образование

Изминатата недела беа објавени резултатите од првиот рок на уписите на учениците во средното образование кои покажаа дека речиси, две третини, се запишале во стручното образование, односно, од вкупно 15.481 запишани ученици во учебната 2023/2024 година, 10.277 ученици или 66,4 % во стручно образование, додека 4.603 ученици или 29,7%, во гимназиско образование. Мал процент, околу 3,8%, отпаѓа на ученици запишани …

Continue Reading

Ангеловска-Бежоска: Преку вклучување на жените до економски раст повисок за 30 отсто

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на панел-дискусијата „Жени лидери“ којашто ја отвори претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ) во Љубљана, Словенија. Како што информира Народна банка, гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека поголемата вклученост на жените во работната сила може да придонесе за побрз и поинклузивен економски раст. – За економски развој не е …

Continue Reading

Приведено лице од Беровско за вршење превоз на огревно дрво без соодветна документација

Полициски службеници од ОВР Виница вчера го лишиле од слобода Б.К.(26) од беровското село Двориште затоа што при контрола е констатирано дека врши превоз на огревно дрво без соодветна документација. Како што соопшти МВР, акциската контрола на полицијата од ОВР Виница, во содејство со Шумска полициска станица Виница, била вчера околу 16.20 часот на регионален пат на место викано „Пекланска …

Continue Reading

Германија планира да воведе забрана за пушење во автомобили со деца

Во Германија повеќе нема да биде дозволено пушење во автомобил доколку во автомобилот има деца или бремени жени, јави ДПА, повикувајќи се на германското Министерство за здравство. Забраната, за која федералните провинции долго време се залагаат, е утврдена во нацрт-законот за измена на Законот за заштита на непушачите. Предлог-законот, доставен до министерот за здравство Карл Лаутербах, сè уште треба да …

Continue Reading

Започна пријавувањето за стипендиите „Борис Трајковски“ на извршната МБА програма на Универзитетот Јорк

Стипендиите „Борис Трајковски“ за двегодишни вонредни постдипломски студии што заеднички ги нудат Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, Министерството за образование и наука и Претседателот на Република Северна Македонија и годинава се достапни за 20 студенти. Конкурсот за доделување на стипендиите за студии од втор циклус за академската 2023/2024 година е отворен, а заинтересираните до 1 септември ќе можат …

Continue Reading

Левица: Повлечен е Предлог законот за оданочување на екстра профитите

Долго најавуваниот Закон за данок на солидарност или данок на екстра профит, по бројни притисоци и барање на бизнис заедницата за негово повлекување и запирање, веќе е повлечен од собраниска процедура. Овој предлог закон иако требаше да биде донесен на почетокот од оваа година, ДПМНЕ во соработка со СДС и ДУИ долго го чуваше во фиока и условуваше дека треба …

Continue Reading

Непознато лице пукало врз таткото на исчезнатиот Самоил

Непознато лице изутринава пукало во 57-годишниот Љ.К. пред неговиот дом на подрачјето на Аеродром, кој потоа е пренесен во болница за укажување на лекарска помош. Како што објавија медиумите, станува збор за таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски, 26-годишниот внук на политичарот и лидер на Обединети за Македонија Љубе Бошковски. Случајот го потврдуваат и од МВР, кои информираат дека полициски службеници …

Continue Reading

Фон дер Лајен: Да ја направиме Европа лидер во дигиталните технологии

Сакаме да ја направиме Европа лидер во глобалното истражување, дизајн, тестирање и производство на полупроводници и во тој контекст отвораме ново поглавје со усвојувањето на Законот за чипови, кој формално ќе стапи во сила на есен, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лaјен, при посетата на белгиската компанија за производство на наноелектонски и дигитални технологии ИМЕЦ. – Законот …

Continue Reading