Торнадо во Чикаго, не работат аеродромите, илјадници жители без струја

Неколку торнада и бури со грмотевици го погодија поширокото подрачје на Чикаго, поради што аеродромите О’Харе и Мидвеј го прекинаа целиот воздушен сообраќај во третиот по големина американски град. Најмалку осум торнада имаше во четири окрузи во североисточниот дел на Илиноис, вклучувајќи четири во округот Кук, каде што се наоѓа Чикаго. Сите полетувања на комерцијалните летови кон аеродромите О’Харе и …

Continue Reading

На граничните премини Богородица и Табановце се чека околу еден час

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на ГП Богородица и Табановце каде задржувањето е околу еден час. Поради асфалтирање, затворени за сообраќај се делницата Велес – Градско од 12 до 22 јули во периодот од 08:00 – 18:00 часот, а делницата Демир Капија – Давидово од 6 до 20 јули, …

Continue Reading

Во Берлин конференција за обнова после земјотресот во Турција

Пет месеци по разорните земјотреси во Турција, денеска во Берлин ќе се одржи конференција за обнова, јави ДПА. Конференцијата ја организира Здружението на германските комори за индустрија и трговија (ДИХК) и турски партнерски организации. Обемот на уништувањето е огромен, а реконструкцијата ќе трае многу години, рече здружението, додавајќи дека Турција се потпира на поддршката од германските компании. Обемот на уништувањето …

Continue Reading

Без струја дел од Чучер Сандево и Сарај, а без вода дел од Карпош и Гази Баба

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Чучер Сандево и Сарај. – Во период од 9:00 до 15:00 чаот без струја ќе бидат дел од корисниците од Чучер Сандево, а од 11:00 до 14:00 часот корисниците од ул.„1721“ од Сарај кон Глумово, информираат од РЦУК Скопје. Поради реконструкција на …

Continue Reading

Избори за двајца нови членови на Судскиот совет

Врховните и судиите од скопското апелационо подрачје денеска избираат двајца нови членови на Судскиот совет. Судијата Наќе Георгиев од Врховниот суд е единствен кандидат од редовите на врховните судии, додека на кандидатската листа за скопското апелационо подрачје и од управните судови се двајца кандидати – судијата од Основниот суд Кавадарци, Лазар Нанев и Антонета Димовска, судија на Граѓанскиот суд Скопје. …

Continue Reading

Прва аукција за граѓанската обврзница

Првата аукција за граѓанската обврзница во вкупен износ од околу 600 милиони денари ќе се одржи денеска. Граѓаните во изминатиот период имаа можност да запишат обврзница со минимален износ од 10.000 денари. Граѓанската обврзница, како нов финансиски инструмент се нуди со поволни услови – камата од пет проценти и рок на доспевање две години. Министерот за финансии Фатмир Бесими во …

Continue Reading

Официјално отворање на 13. Македонска извидничка смотра

Под мотото „Достигни ги височините”, од денеска до 21 јули во Крушево ќе се одржува 13. Македонска извидничка смотра. Најавено е учество на преку 1 000 извидници од земјава и од повеќе од 15 држави од регионот, Европа и светот. Генерален покровител на настанот е претседателот на државата Стево Пендаровски, а логистичка поддршка обезбеди Армијата на Република Северна Македонија. Извидничката …

Continue Reading

Од денеска портокалова фаза – најранливите да не одат на работа, да се внимава на храната, соодветно да се чуваат милениците и домашните животни

Од денеска земјава влегува во портокалова (алертна) фаза. Дневните температури, како што најавува УХМР, во некои делови ќе бидат над 40 степени. Сите региони во државата: скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот, ќе влезат во портокалова фаза. Поради топлото време, надлежните излегоа со конкретни мерки и препораки: најранливите категории граѓани да бидат ослободени од работа, да се внимава при купувањето, консумирањето …

Continue Reading

„Срце куќа најширока“ изложба на цртежи од Панде Петровски

Изложбата на слики од Панде Петровски насловена „Срце куќа најширока (мотиви од нашата села)“ ќе биде отворена вечер во салоните „Империјал 1 и 2“ во Културно-информативен центар – Скопје. Сликарот Панде Петровски е роден на 25.9.1939 година во Брусник, Битола. Во 1963 година завршил Педагошка академија. Член е на ДЛУБ (Друштво на ликовните уметници на Битола ), ДЛУМ (Друштво на …

Continue Reading