СПМ бара да се истражат сите случаи поврзани со злоупотребата на пари од европските фондови

Социјалистичката партија на Македонија потсетува на минатонеделното откривање на евроамбасадорот Гир дека Европската служба против измами, ОЛАФ води 18 истраги за можни злоупотреби на европските фондови во земјава. Самата Европска агенција деновиве потврди дека и минатата година спровела четири истраги за злоупотреба, од кои три завршиле со дадени препораки, а за четвртата сеуште не се знае епилогот. Соочени со сè …

Continue Reading

Во Дебар ќе почне реализација на инфраструктурен проект во интерес на ромската заедница

Општина Дебар најави реализација на значаен инфраструктурен проект во интерес на ромската заедница и сите други граѓани на оваа општина. -Европскиот совет и програмата „РОМАКТЕД“ фаза 2, заедничката програма на Европската унија и Европскиот совет одобрија средства во износ од 10 илјади евра, во рамки на проектот „Промовирање на доброто управување и зајакнување на Ромите на локално ниво”, информираа попладнево …

Continue Reading

Бар: Трамп добро знаеше дека ги загуби изборите

Доналд Трамп „добро знаеше дека ги загуби изборите“, изјави денеска за Си-ен-ен, поранешниот јавен обвинител на САД Вилијам Бар, кој на функцијата го постави токму претходниот претседател на земјата. Тој го изјави ова само неколку часа пред да му се суди на републиканецот Трамп под обвинение за заговор за да предизвика неоправдано поништување на резултатите од претседателските избори во ноември …

Continue Reading

Политичарите во Австрија нема да добијат зголемување на платата

Највисоките австриски политичари нема да добијат зголемување на платите оваа година и покрај високата инфлација, соопштија канцеларот и вицеканцеларот канцеларот Карл Нехамер и вицеканцеларот Вернер Кеглер. Одлуката се однесува на сојузниот претседател и сите членови на кабинетот, како и на претседателот на Националниот совет, Долниот дом на Парламентот и претседателите на пратеничките групи. Платите на политичарите обично се врзани со …

Continue Reading

Одржана редовна седница на Советот на Народната банка и на Комитетот за оперативна монетарна политика

Промени во задолжителната резерва за понатамошна поддршка на денаризацијата и зголемување на каматните стапки за 0,15 процентни поени На 1 август 2023 година се одржа редовна седница на Советот на Народната банка на која беа донесени измени во Одлуката за задолжителна резерва. Седница одржа и Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и …

Continue Reading

Крводарителска акција во Делчево

Покажувајки ја уште еднаш хуманоста на дело, граѓаните на Делчево денеска подарија 64 крвни единици во рамки на августовската крводарителска акција. Имајки предвид дека е период на годишни одмори од Црвен крст Делчево како организатори на акцијата изразија задоволство од одзивот на граѓаните. -И оваа акција се одвиваше согласно нашите очекувања, топлото време не ги спречи граѓаните да даруваат крв, …

Continue Reading

Индија го ограничи увозот на лаптопи, таблети и компјутери

Генералниот директорат за надворешна трговија на Индија (ДГФТ) денеска соопшти дека земјата го ограничила увозот на лаптопи, таблети и персонални компјутери, што во иднина ќе биде возможно само со посебна лиценца. Мерката што треба да ги поттикне домашните производители, стапува во сила веднаш. Индиската Влада не ја наведе причината за овој потег, но таа е пошироко позната по промовирањето на …

Continue Reading

Конференциска лига: Струга домаќин во Скопје на луксембуршки Свифт Хеспер

Македонскиот фудбалски првак „Струга Трим Лум“ во Скопје ќе биде домаќин идната недела на „Свифт Хеспер“ од Луксембург во рамки на првиот натпревар од третото коло во Конференциската лига на УЕФА. Натпреварот, како што соопшти попладнево Струга, ќе се игра идниот четврток на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 21 часот. Двата свои европски натпревари претходно оваа …

Continue Reading

Утре во Тетово ќе се изврши прва дезинсекција за уништување комарци и штетници

Општина Тетово информира дека утре на подрачјето на градот ќе се изврши прва дезинсекција за уништување на возрасните форми на комарци и останати штетници. Дезинсекцијата почнува од 22 часот, а од општината апелираат да се засолнат пчелите, додека граѓаните да не излегуваат на улица додека трае постапката. -Д.П.Т.У. ПРОНТТО Дооел во соработка со Општина Тетово ќе ја реализира првата  дезинсекција …

Continue Reading