Столтенберг: Безбедноста на Украина мора да биде гарантирана по завршувањето на војната

Безбедноста на Украина мора да биде гарантирана по завршувањето на војната, но сојузниците во НАТО се уште работат на деталите како да го направат тоа, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Треба да бидеме сигурни дека кога војната ќе заврши, имаме подготвена рамка за да се осигураме дека нема пауза во руските акции против Украина“, рече Столтенберг по …

Continue Reading

Јавна дебата во Струмица за Законот за родова еднаквост

Еднаквоста на мажите и жените, концептот на родова еднаквост, концептот на еднаков родово буџетирање, концептот на родово базирано насилство се приоритети на Владата и Министерството и на сите останати институции и токму тоа е мотивот да работиме на нов закон со кој ќе дадеме нови можности, нови перспективи и на институциите и на локалните самоуправи да работат на еднаквоста на …

Continue Reading

МОН: Секој учебник се печати откако ќе ги помине сите филтри во постапката за изработка и ќе добие конечно одобрување од Националната комисија за учебници

По три неуспешни јавни повици за пријавување на автори за изработка на учебник по македонски јазик за 5-то одделение, објавени минатата 2022 година во март, јуни и јули, дури во четвртиот обид во август се пријави авторски тим кој достави предлог ракопис, соопштија денеска од Министерството за образование и наука. Истиот, наведуваат од МОН, подоцна два пати беше вратен на …

Continue Reading

Со донација на повеќе од 300 илјади денари dm drogerie markt го одбележа Меѓународниот ден на децата!

Оваа донација, најголемиот европски дрогериски ланец ја реализираше со донирање на бебешки креветчиња за ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар. Компанијата dm drogerie markt која гордо го носи епитетот на една од општествено најодговорните компании, оваа година го одбележува Меѓународниот ден на децата со донација на 15 бебешки креветчиња   во вредност од повеќе од 300.000 денари во ЈЗУ …

Continue Reading

Приведен крадец во Скопје и ќе биде спроведен во затвор

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба денеска во 14:40 часот на ул.„Менделеева“ во Скопје го лишиле од слобода Н.В.(50) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за …

Continue Reading

Николовски: Регионот да го гледа земјоделското производство како заедничка шанса за настап на европскиот пазар

Ние сите заедно, целиот балкански регион, треба да го гледаме земјоделското производство како заедничка шанса за настап на пазарот на ЕУ. Имаме идеални климатски услови и треба да го искористиме тоа што ни го дала приодата. Но, за успех е потребно да настапиме заедно со позначајни количини на стандардизирани производи, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски …

Continue Reading

Сенатот на САД бара формирање меѓународен трибунал за Русија

Американскиот Сенат повика на формирање специјален меѓународен трибунал за Русија за барање одговорност за злосторствата извршени по нејзината незаконска агресија врз Украина. Предлог-резолуцијата потекна од членови на Комисијата за надворешни работи, сенаторите демократи Бен Карден и Тим Кејн. Резолуцијата беше донесена по вчерашното сослушување на амбасадорката Бет Ван Шак, специјален претставник на Стејт департментот за глобално кривично право. На сослушувањето, …

Continue Reading

ДКСК: Бочварски за вработувањата на сопругата и нејзината сестра не ја информирал Комисијата

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска констатираше дека при вработувањето на сопругата и балдазата на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во јавна здравствена установа се запазени сите процедури, бидејќи се искористени слабостите во Законот за здравствена заштита, меѓутоа е направен прекршок согласно Законот за спречување корупција бидејќи Бочварски за конкретните вработувања не ја известил Државната комисија …

Continue Reading

Судењето за „Титаник 2“ одложено за 14 јули

Судењето за предметот „Титаник 2“ закажано за денеска во Апелациониот суд – Скопје, е одложено за 14 јули 2023 година во 9:30 минути по барање на еден од обвинетите. Како што соопшти Судот, судењето е одложено по барање на обвинетиот С.С. поради здравствени причини. „Титаник 2“ е предмет што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година …

Continue Reading