Крос уште една година во Реал

Германскиот играч за врска Тони Крос (33) го продолжи договорот со мадридски Реал до јуни идната година, објави денеска Кралскиот клуб. Договорот на Крос истекуваше на крајот на овој месец. Германскиот фудбалер дојде во Реал во 2014 година од Баерн и со шпанскиот клуб освои четири титули во Лигата на шампиони, три во шпанското првенство и Купот на кралот, како …

Continue Reading

ДС: Одговорност од министерот за правда поради злоупотреба на службената положба

Демократскиот сојуз бара одговорност од министерот за правда поради злоупотреба на службената положба со тоа што донел Упатство за водење на матичните евиденции во кое, покрај податоците утврдени со Законот за матични евиденции, додал нова графа во која се искажува и националната, односно етничката припадност. Во матичните евиденции не може да се менуваат податоците, тоа се законски решенија и никој …

Continue Reading

Османи во Лондон оствари средби со министрите за надворешни работи на Азербејџан и Молдaвија, Бајрамов и Попеску

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на маргините на Конференцијата за закрепнување на Украина, што се одржува во Лондон, денеска оствари билатерални средби со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов, и со Нику Попеску, вицепремиер и министер за надворешни работи и европска интеграција на Молдавија. Како што соопшти МНР, во фокус на разговорот помеѓу Османи и Бајрамов беше …

Continue Reading

Ердоган повика на составување нов турски устав

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска уште еднаш повика на составување нов турски устав, јави агенцијата Анадолија. Турската влада нема да застане додека земјата не се рангира меѓу десетте најголеми економии во светот, рече Ердоган, говорејќи на првиот состанок на парламентарната група на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) на 28. Меџлис. Според шефот на државата, кабинетот продолжува …

Continue Reading

Кавадаречките пожарникари на обука во Марибор

Кавадаречките пожарникари се наоѓаат на обука во Марибор, информираа од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци. – Во текот на денешниот ден, нашите пожарникари во Република Словенија имаа обука на тема, „Основни тактики за опасни супстанции и хемиски средства“. Презентирана беше процедурата PIRS. Презентирани беа основите на работата на пожарникар при интервенција со Н.С. опрема за опасни материи, лична заштитна опрема …

Continue Reading

Најмалку 35 мигранти загинаа откако брод се преврте во близина на Канарските Острови

Најмалку 35 мигранти, меѓу кои и едно дете, се удавија денеска кога се преврте гумениот брод со кој стигнаа до Канарските Острови во Шпанија. Од несреќата се спасени 24 лица, во спасувачка акција предводена од мароканските власти, која била спроведена на оддалеченост од околу 140 километри југоисточно од островот Гран Канарија. Се додава дека на бродот во моментот на превртувањето …

Continue Reading

Индискиот премиер Моди повика на единство по повод Меѓународниот ден на јогата

Индискиот премиер Нарендра Моди ја предводеше денеска прославата на Меѓународниот ден на јогата во Обединетите нации во Њујорк и ги повика луѓето „да си подадат рака еден до друг за да ја постигнат целта на една земја, едно семејство, една иднина“. Во 2014 година, Обединетите нации го прогласија 21 јуни за Меѓународен ден на јогата, усвојувајќи мерка предложена од самиот …

Continue Reading

Комерцијална банка со донација вредна 5 милиони денари комплетно го реновираше Одделот за ревматологија и кардиологија на Детската клиника

Благодарение на оваа исклучително значајна донација од Комерцијална банка, Одделот за ревматологија и кардиологија при Универзитетската клиника за детски болести доби целосно нов и прилагоден ентериер за потребите на пациентите и на медицинскиот персонал. Со оваа вредна финансиска поддршка од речиси 5 милиони денари, Комерцијална банка во духот на својата мисија и посветеност за помагање на општеството, даде исклучителен придонес …

Continue Reading

Левица: СДС и ДУИ го саботираат нашиот предлог за платено породилно отсуство на земјоделките

Иако денес Собраниската комисија за здравство конечно свика седница на која требаше да се разгледа Предлог-законот поднесен од Левица за платено породилно отсуство на жените-земјоделки, денешната Комисиска седница беше прекината токму пред да дојде на ред оваа точка. Со нашиот Предлог-закон за платено породилно отсуство за жените земјоделки (Измена и дополнување на Законот за здравствено осигурување), се овозможува користењето на …

Continue Reading