Кулибали потпиша за саудиски Ал Хилал

Досегашниот фудбалер на лондонски Челзи, Калиду Кулибали, потпиша договор со Ал Хилал и кариерата ќе ја продолжи во саудискиот прволигаш. Челзи го потврди трансферот не наведувајќи финансиски детали, а според британските медиуми Ал Хилал ќе плати обесштетување од 23 милиони евра. Кулибали во редовите на Ал Хилал ќе му се приклучи на досегашниот играч на Вулверхемптон, Рубен Невеш, а наскоро …

Continue Reading

Малиар: Украинската Армија на Југ ослободи 130 км2 територија под руска окупација

Украинската војска објави дека ослободила вкупно 130 квадратни километри територија окупирана од Русија во јужна Украина откако започна контраофанзива пред околу три недели. – Во текот на изминатата недела, 17 дополнителни квадратни километри од областа Запорожје под руска окупација се повторно вратени, објави денеска заменик-министерката за одбрана Хана Малиар на каналот Телеграм. Украина објави и помали успеси на источниот фронт. …

Continue Reading

Разузнавачки извештај: Многу руски шпиони во Швајцарија

Руската инвазија на Украина го засили ривалството меѓу големите сили и ја направи Швајцарија, земја домаќин на многу меѓународни организации, центар на руска и кинеска шпионажа, објави денеска Швајцарската разузнавачка служба. -Русија го уништи мировниот поредок во Европа засован на правила, се наведува во годишниот извештај на разузнавачката служба на Швајцарија задолжена за контраразузнавање. Во извештајот се наведува и дека …

Continue Reading

Лавров: Истражуваме дали Западот стои зад бунтот на „Вагнер“

Шефот на руската дипломатија,  Сергеј Лавров, денеска изјави дека руските власти истражуваат дали западните специјални служби биле вмешани во саботниот бунт на платениците на „Вагнер“. Лавров додаде дека разговарал со американскиот амбасадор во Москва, кој му рекол дека САД не се вклучени во вооружениот бунт на платениците на „Вагнер“. Како што јави Тасс, Лавров додаде дека САД се надеваат на …

Continue Reading

Се реконструира штипската улица „Васил Доганџиски“

По повеќе децении првпат ќе се асфалтира улицата „Васил Доганџиски“ во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека од денеска почнаа подготвителните активности, а во наредните денови ќе се пристапи кон асфалтирање. -Оваа улица на која сега се наоѓаме е направена своевремено од самите жители со бетонирање, но заради оштетеност ја ставивме во Програмата и …

Continue Reading

Блинкен: Нема промени во состојбата на нуклеарното оружје во Русија по бунтот на Вагнер

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен синоќа изјави дека не гледа промени во состојбата на руското нуклеаро оружје по извештаите дека приватната воена компанија „Вагнер“, имала намера викендов да зазеде складиште со тактичко нуклеарно оружје лоцирано во Воронеж. -Секојпат кога некоја голема земја како Русија покажува знаци на нестабилност тоа е повод за загриженост. Кога станува збор за нуклеарното оружје не …

Continue Reading

Собранието на 117-тата седница разгледа неколку закони и барања за автентично толкување за кои дополнително ќе се гласа

Собранието во рамките на денешниот дел од работата по дневниот ред на 117-тата седница без расправа го разгледа Предлог-законот за ратификација на Договорот за правната положба на Организацијата на Северноатлантскиот договор, националните претставници и меѓународниот персонал, гласањето ќе биде дополнително одредено. Собранието денеска го заврши и разгледувањето на Дополнетиот предлог-закон за вештачење, во второ читање. И за него дополнително ќе …

Continue Reading

Судски совет: Наводите на ДКСК за непостапување во случајот со Мерко се неосновани

Судскиот совет на Република  Северна Македонија ги оценува како неосновани и неаргументирани тврдењата на Државната комисија за спречување на корупција за наводно непостапување, па дури и прикривање во случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. – За прв пат ургенција од ДКСК до тогашниот претседател, Павлина Црвенковска е доставена на 4.06.2021 година заведена под број УПП 08 341/1, во која Судскиот …

Continue Reading

Костадиновска-Стојчевска во посета на Стразбур

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, од денеска престојува во работна посета на Стразбур, каде што ќе учествува и ќе се обрати на 7-от пленарен состанок на Управниот комитет за анти-дискриминација, диверзитет и инклузија (CDADI). Во рамки на посетата, Костадиновска-Стојчевска во Палатата на Европа ќе се сретне со генералната секретарка на Советот на Европа,  Марија Пејчиновиќ Буриќ, со извршниот директор на …

Continue Reading