Забрането шетање во костими за капење низ центарот на Струга

Општина Струга забранува шетање во костими за капење низ централното градско подрачје. Преку официјалната фесјбук страница ги замолуваат гостите и туристите, кои се разладуваат во водите на Охридското езеро или Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори. – Заради почитување на јавниот ред, особено за време …

Continue Reading

Од септември ќе бидат ангажирани над 800 образовни асистенти во основните училишта

Повеќе од 800 образовни асистенти ќе бидат ангажирани во основните училишта во новата учебна година за да им помагаат на учениците со посебни образовни потреби полесно да ја совладуваат наставната материја и училишните обврски. Образовната асистенција и натаму е обврска на државата, односно не е финансиски товар на семејствата на учениците. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон …

Continue Reading

Ставени во функција поголем дел од чешмите во Штип

Штипското комунално претпријатие во функција ги стави поголем дел од градските чешми и фонтани. Директорот на ЈП „Исар“, Кирил Зајков вели дека екипите на претпријатието во изминатиот период работеле на терен и чешмите се ставени во функција, со цел да им служат на граѓаните во текот на летните горештини. -Под надлежност на ЈП „Исар“ се 15 чешми на територија на …

Continue Reading

Прилепските советници не го прифаќаат извештајот за безбедносната состојба во Прилеп за првото полугодие 2022 година

Прилепските советници не даваат зелено светло на извештаите на полицијата за безбедносната состојба за минатата 2022 година. Ниту за полугодишниот, ниту за годишниот извештај. Според претседателот на советот Дејан Проданоски, отсуствува сериозноста за чувствително прашање кога градот се соочи со зголемено полициско присуство и со привремена управа во полицијата. Освен тоа, командирот на полицијата, вели Проданоски не се појавувал да …

Continue Reading

ЈП Комунална хигиена – Скопје подигна 1130 тони отпад во текот на изминатите два дена

ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека во текот на изминатите два дена подигна и транспортира вкупно 1130 тони комунален отпад од контејнерите поставени на јавни површини. Отстранети се  250 кубни метри отпад од приближно дваесет диви депонии лоцирани во сите скопски општини, почнувајќи од првата смена во текот на денешниот ден, каде што  продолжува да се  собира и транспортира комуналниот отпад …

Continue Reading

Советот на Општина Кочани не даде согласност за покачување на цените на водата

Советот на Општина Кочани на денешната редовна седница не даде согласност за покачување на цените на водата за пиење од градскиот водовод и на услугите за собирање, одведување и пречистување на отпадните води. Отфрлањето на одлуките од Управниот одбор на КЈП „Водовод“ за просечен пораст на цените од 30 отсто се повтори како и на седницата од пред еден месец, …

Continue Reading

Отворените средби на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација продолжуваат во Гевгелија

Граѓаните, членовите на граѓанските организации и претставниците на институциите во Гевгелија утре ќе имаат можност за дискусија и подетално запознавање со надлежностите и начинот на постапување на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Оваа средба се одржува во рамки на активноста „Отворени средби“ што ја спроведува КСЗД во насока на подигнување на јавната свест за препознавање на формите …

Continue Reading

Јолевски: Не можеме да елиминираме некого поради шпекулации во јавноста

Не можеме предвреме да речеме дека ќе елиминираме некого заради тоа што во јавноста се шпекулира поради нешто, не знам на кој начин би го вршеле тој дел како Совет, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, во врска со изборот на обвинителот Артан Ајро во Вишото јавно обвинителство Скопје. За обвинителот Ајро во јавноста се шпекулираше дека …

Continue Reading

Општина Брвеница на прво место за активна транспарентност во Полошкиот регион

Општина Брвеница е рангираната на прво место за активна транспарентност во Полошкиот регион во истражувањето што секоја година го прави Центарот за граѓански комуникации околу тоа колку институциите самите ги објавуваат информациите од јавен карактер без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до нив. Во рангирањето се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и …

Continue Reading